Достапни линкови

Ништо од случувањата со МПЦ не е случајно


Во колкава мера обидот за инсталирање на така наречена охридска епископија во Македонија што деновиве ја бранува јавноста е случуавње на надворешно мешање или таквата намера има подлога внатре во земјава, преку црквата и монаштвото.Ништо од она што сега се случува со МПЦ не е случајно вели академик Блаже Ристовски:

„Прашањето формално е црковно, но всушност тоа е длабоко национално – политичко. Се работи за македонската нација и македонската држава. За жал во 21 век се враќаме некако во ерата на националните пропаганди во Македонија. Нашите соседи, засилено настојуваат одново да го решаваат таканареченото македонско прашање и овој пат преку црквата.“

Славекко Сосајковски професор од Инстититот за социлошки истражувања застапува поинкакво гледиште. Од тезата дека црквата како зедница на православниот свет е е една тој гради гледиште дека проблемот на раздор пред кој е поствена македоската првославна црква е последица на ненаоѓањето на нашата црква во каноско единство со правослванта екумена:

„Оние што направија раскол, меѓу монасите, колку што знам се наоѓа и еден архимандрид, архимандитот Софрониј и тие влегоа во канонско единство со православната екумена. Во таа смисла, тие се, ако може така да се зборува се поавокефални, од што се епископите и монасите на МПЦ.“

Академи Ристовски се соггласува дека православието е обединето преку Цариград, но укажува:

„Но Цариград, е сепак под силно влијание, да не речам нешто повеќе на Атина. А, Атина и Белград се нераскинливи сојузи. Се работи значи за една спрега во која изигруваме ние една жртва. МПЦ мора да остане таква каква што е, автокефална, национална црква на македонскиот народ. Таа Охридска архиепископија под капата на Белград не е веќе македонска, само со македонското име таа може да биде македонска.“
XS
SM
MD
LG