Достапни линкови

Најновите случувања нема да го нарушат единството на МПЦ


Приклучувањето на дел од монасите кон таканаречената, Охридската архиепископија, може да ги усложни работите во МПЦ, но таа ќе остане единствена, велат во Синодот на црквата. Таквиот став го дели и поголемиот дел од монаштвото што во нашата земја е претставено со околу стотина членови. Игуменот на манастирот Св. Јован Бигорски – Партение, вели дека потегот на старешините од четирите манастири што се припоија кон таканаречената Архиепископија, со која раководи Зоран Вранишковски, претставува чекор за помала лицемерна група што не може да го наруши единството на монасите:

„Поголемиот дел од монаштвото си останува со МПЦ. Мислам дека овие личности и никогаш не беа во црквата и во заедницата, секогаш нешто отскокнуваа. Само да се потсетиме во печатите како го критикуваа Јован, а сега гледаме што се случува. Отец Максим, помнам, го смести и во лудница Јован, а сега еве се сложува со него.“

Во меѓувреме, 12 монаси кои вчера присуствуваа на богослужбата што вчера ја вршеше Вранишковски, се наоѓаат во 24 часовен притвор во битолската полиција. Еден од нив, отец Максим, во објаснувањето на потегот за приклучување кон Вранишковски, вели дека намерата е да се стапи во канонско единство:

„Со браќата и сестрите од целата православна игумена. Тоа се единствените причини. Бидејќи МПЦ се оглуши во однос на божјата волја, беше крајно некооперативна со божјата волја, којашто е единство во Христа, на сите православни цркви, ние одлучивме да го направиме ова.“

Отец Максим вели дека во нивните литургии, што отсега ќе ги изведувале на привнатни имоти, ќе го споменуваат името на Вранишковски, наместо на поглаварот на МПЦ г.г. Стефан, и дека богослужбите ќе ги вршат на македонски јазик. Тој најавува дека кон нив ќе се приклучи и поголем дел од монасите во Македонија:

„Многу бргу, уште толку монаси колку што пристапија, ќе пристапат.“

Отец Партение од манастирот Св. Јован Бигорски смета дека најавите на таканаречената Охридска Архиепископија дека 30 монаси ќе се приклонат кон нив се предимензионирани:

„Другите монаси, не би им пристапиле, јас така мислам.“
XS
SM
MD
LG