Достапни линкови

Венко Андоновски, декан на филолошкиот факултет во Скопје. Нарцизам на власта, темелен колективен проблем на државата


Господине Андоновски, во Вашите колумни на власта и предвидувате поправен испит и тоа наскоро. Посакувате масовни заедничпки македонско-албански протести по кои, како што велите, со задоволство би гледале како паѓа владата. Дали ова е израз на сознанието дека нешто страшно не е во ред во Македонија?

Па, мислам темелно нешто не е во ред затоа што неверојатно е толку паметни луѓе да учествуваат во сите можни проекти во Република Македонија, да учествуваат во сите можни протерсти во Република Македонија, МЕНСА да доаѓа да ни докажува дека имаме не знам колку висок количник на интелигенција, а повторно работите да стојат во место. Тоа значи дека нешто во темелот не е во ред, а темелот на една држава секогаш е нејзината генерална стратегија за развој која ја кројат политичарите. Мислам дека една држава не може да оди напред доколку темелот не и е во ред. Понекогаш е нужно човек да се врати назад, за да може да тргне напред. Мислам дека нашата политика треба да расчисти со својот нарцистички комплекс. Без разлика која политичка опција е на власт, ние постојано се судираме горе-долу со психијатриски проблем – не говорам за поединци, туку за колективни појави – а тоа е тој нарцизам на власта, дека таа постојано треба да добива добра слика за себе. Добрата власт воопшто не треба да има сопствено огледало. Добрата власт треба да гледа во оние кои ги управуваат и во оние од кои очекува, фактички, да ја помрднат државата напред. За жал, кај нас е обратно. Ние имаме, што би рекле Хрватите, „зрцална структура“, односно огледална структура: власта постојано се огледува во огледало и бара во тоа огледало да го види она што го сака. Дури и медиумите кои не и ја даваат таа привилегија, не можат да сторат многу за таа нејзина нарцистичка позиција, затоа што секогаш власт и владетелите се опкружуваат со луѓе кои се одговорни да произведуваат фаворизирана и преубавена слика за власта. Значи, доколку не настане расчистување на тој примарен нарцистички комплекс кај власта, ние нема да одиме напред.

Зарем не е нереално да се очекува дека тој пресврт, дека тоа расчистување со нарцисиодните комплекси на власта може да се случи само од себе?

Апсолутно. Затоа што ниеден болен не станал здрав во моментот кога рекол: е, јас сум свесен дека сум болен и од утре ќе бидам здрав. Нам ни е потребна пред се интервенција однадвор. Не мислам на надворешни сили итн., меѓутоа, во тоа затворено јадро, во таа кутија на власта, потребно е да доминираат млади и паметни луѓе. Е, тука имате голем проблем. Проблемот се состои во тоа што ние тие паметни луѓе немаме од каде да ги извлечеме, ние треба да ги извлечеме повторно од институти за фолклор, од институт за литература, од филолошки или од машински факултет. Со други зборови, би требало да бараме од нив да се откажат од своите професии за да влезат во нешто што се вика политика. Многу порационално решение би било ние да имаме професионални политичари, како што постојат професионални менаџери во секоја област, кои во секое време непристрасно би можеле да размислуваат со еден политички резон кој подразбира само напредок и тоа во економска, морална и духовна смисла. Ние тоа го немаме и јас сум тука песимист. Мислам дека тоа нема да може да се случи, без разлика што има најави за трет или четврти пат во политиката, затоа што ние постојано ја играме истата претстава – само ги менуваме актерите. И мислам дека е потребно време во кое политички ќе созрееме. Што ќе се случи со државата додека дојде до тоа зреење, тоа не можам да кажам.

Во тоа меѓувреме луѓето си одат. Тоа е и една од честите теми за кои пишувате – заминувањето на младите, умните, оние за кои велите дека не прифаќаат да бидат туѓи лични заменки. Што според вас е клучно за тоа да се смени и дали воопшто е можно да се смени?

Луѓето си одат и ќе си одат и тоа е факт. За да може тие да останјат овде пред се е потребно – не се толку финансиските средства во прашање, затоа што патувањата што ги прави државната администрација, од најнискиот до највисокиот шеф во министерствата, трошат огромни прави кои би можеле да се инвестираат, да речеме, во вработување на паметни луѓе. За мене е пресудно да се лсучи опомена од народот до власта. Таа опомена се случува на избори, но тоа е декоративна опомена која, гледам, многу-многу не ги засегнува затоа што веројатно и тие што ќе паднат и тие што ќе останат имаат договори да не се гибаат меѓу себе. За мене многу важно е да дојде до некоја драстична опомена и јас иако не сум приврзаник на популистичките методи, мислам дека наскоро, многу бргу, власта ќе мора да се соочи со лицето на народот во драстична форма. Додека тоа не се случи, нема да се смени свеста кај власта, а додека пак не се смени таа свест тешко дека ќе има свест дека треба да се инвестира во она што во моментот можеби ја загрозува власта.

Како декан на Филолошкиот факултет и како ангажиран интелектуалец вие се изјаснивте против владиниот предлог за легализација на малоречанскиот универзитет. Има ли надеж дека темите што ги засегаат меѓуетничките односи можат да ја избегнат политизацијата?

Немам ништо против образование на ниеден јазик. И не верувам дека нормалниот Македонец има нешто против тоа. Во прашање е нешто друго. Во прашање е колку тие луѓе кои сакаат да учат на албански јазик – медицина, математика, географија, историја итн. – во колкава степен ќе бифдат употребливи за оваа држава. Значи, повторно доаѓаме до едно прашање колку тие луѓе сакаат да и припаѓаат на оваа држава? Мене ме радува фактот што се повеќе Албанци сметаат за исклучителен знак на својата цивилизираност ако научат македонски. И тие ги потиснуваат оние колеги кои одбиваат да научат македонски, а од друга страна покажуваат дипломи со многу високи оценки по стручните предмети. Ако јас сум Албанец и знам математика а не знам македонски, прашањето е – што барам во Македонија? Зошто толку грчевито се борам за државјанство? Или сум медицинар, Албанец, имам десетки од медицина на албански универзитети – зошто толку грчевито барам државјанство а не сакам да науќам македонски? Значи, евтините политизации од кои почнаа сите овие проекти – универзитети и парауниверзитети – ќе завршат, според мене, со плодна, образовна и културна придобивка. Самите ќе се електираат меѓу себе: тие што се дојдени за политика на кој и да се универзитет, набргу ќе мора да се откажат од оние кои навистина дошле да и помогнат на оваа држава, затоа што смислата јас да знам хиорургија е да покажам на мнозинството на државата дека знам. Тоа е голем предизвик. Мислам дека има Албанци кои тоа многу одбро го сфаќаат и чекорат напред.
XS
SM
MD
LG