Достапни линкови

Поефикасно или повторување на ланските сцени


2004-та е година во која пред пратениците во македонското собрание се многу важни закони. Дали парламенот ке биде ефикасен и како ке работи. Пратениците од владиното мнозинство велат ефикасноста е наша прва задача, тоа од нас го очекуваат граѓаните. Во оваа насока прва обврска вели социјалдемократот Макрадули ке биде промана на собранискиот деловник:

„Не треба седниците да траат толку многу и во ноќните часови за да им се објасни нешто на граѓаните, напротив мислам дека треба да бидеме многу пократки и поефикасни.“

Неговата сопартијка Цветанка Ивановска вели дека освен деловникот приоритет на пратениците треба да биде и предлагањето на законите:

„Прво, сигурно ќе се усмериме на донесување закони од економската сфера за подобрување на економската состојба во државата, но исто така јас како пратеник повеќе ќе се залагам законските проекти поднесени од народните избраници да бидат прифаќани од парламентот, не само да разгледуваме закони коишто ги предлага владата.“

Исмет Рамадани од ПДП посочува дека годинава собра ието треба да буиде конструктивно, опозицијата и власта мора да обезбедат консензус за битните проекти како од еконосмката така и од мегуетничката сфера:

„Ако понекогаш губиме како партии и пратенички групи, а предизвикот ни е Македонија да успее, што значи евро интеграции и реформи, подигање на стандардот и економијата, тогаш треба да се сложиме дека треба да бидеме поефикасни.“

Во оваа насока и либералдемократот Жерновски зборува за ефикансота на собранието

„Тежиштето на збидбнувањата ќе се префрли во парламентот повторно, што значи дека на пратениците им претстои напорен период.“

ВМРО-ДПМНЕ прифаќа ефикасност во работата на собранието, но координаторот на пратеничката група Коце Трајановски најавува опозуицијата нема да биде конструктивна пред прокетрите кои се чист политички договоор меѓу СДСМ и ДУИ:

„Треба да се предлагаат закони коишто ќе значат развој на Република Македонија, меѓуоа ако предлагаат закони коишто се плод на политички договор меѓу СДСМ и ДУИ како Тетовскиот Универзитет и територијалната поделба, тогаш со сите сили ќе настојуваме овие закони да не бидат донесени.“
XS
SM
MD
LG