Достапни линкови

Сеуште е нејасно кој победува


Во две илјади и третта меѓународната војна против тероризмот ја одбележа втората годишнина од нејзиното започнување. Но, се уште е далеку од тоа да биде јасно кој победува во неа. Уапсени беа двајца водечки членови на Ал Каида, Саудиска Арабија се приклучи кон војната, меѓутоа бомбашките напади продолжија, а Ирак по се изгледа станува ново терористичко гнездо.

Втората целосна година во меѓународната војна против тероризмот покажа извесен успех во апсењето на некој клучни фигури на Ал каида, но смртоносните бомбашки напади, од друга страна покажаа дека оваа војна е многу далеку од нејзиниот крај. И додека по лидерот на Ал Каида Осама Бин Ладен и натаму се трага, пред неколку месеци во Пакистан беше уапсен Калид Шеик Мохамед, висок оперативец за кој се смета дека бил идејниот творец на терористичките напади врз Америка во септември две илјади и првата година. Тој во моментот е во американски затвор на непозната локација. Магнус Рансторп е директор на Центарот за истражување на тероризмот со седиште во Шкотска. Тој своеврмено предвиде дека апсењето на Мохамад ќе ја наруши способноста на Ал Каида да спроведува големи операции како оние на единаесетти септември.

„Можете да замислите, водачот на воениот комитет, главниот ум многу комплексните операции е надвор од игра. Тоа секако ќе има широки последици врз способноста на Ал Каида да извршува такви опрерации.“

Мохамед е под обвинение дека бил дел и од бомбардирањето на американските амбасади во Кенија и Танзанија пред пет години. Во август во Тајланд беше уапсен и Ридуан Исамудин познат како Хамбали, водечка фигура во индонезиската терористичка група Џама Исмаилија за која се верува дека е дел од Ал Каида. Тој е обвинет за планирање на нападот на Бали кога во две илјади и втората година загинаа над двесте луѓе. Но, овие апсења паднаа во сенка по бомбашките напади во Саудиска Арабија, Индонезија, Мароко, Турција и некои други делови на светот. Иако ниту еден од овие напади не беа толку големи како оние септемвриските во Соединетите Држави, тие сепак докажуваат дека Ал Каида и другите терористички групи се уште се опасни. Во две илјади и третта и покрај тоа што целите на нивните напади беа, како што се вели, западните интереси, сепак повеќето од жртвите во нив беа муслимани. Во двата напада во Саудиска Арабија, во мај и ноември загинаа над пеесет несаудиски арапи, а во Истанбул, исто така во два терористички напада изведени за кратко време во ноември загинаа уште шеесетина лица. Некои експерти сметаат дека ефектноста на меѓународната анти терористичка кампања ги присилува терористите да одбираат таканаречени помеки цели во кои неминовно се зголемува ризикот од муслимански жртви. Други пак, велат дека терористите со убивањето муслимани сакаат да предизвикаат страв меѓу населението кое потоа би се свртело против нивните прозападни влади. Саудискиот амбасадор во Лондон принцот Турки ал Фејсал верува дека терористите се принудени на очајнички потези.

„Мислам дека нивната безнадежност се гледа во фактот што тие сфаќаат дека се цел на жестока потрага од властите. И тие сакаат да покажат дека и покрај тоа можат да изведуваат акции. Така овие луѓе се во очајничка фаза и напаѓаат се она до кое можат да стигнат.“

Впрочем, една од позитивните приказни во две илјади и трета беше токму приклучувањето на Саудиска Арабија во војната против тероризмот. Петнесетмина од деветнаесете самоубици кои ги грабнаа авионите на единаесетти сепетмври беа саудијци. Од друга страна се уште не се познати долгорочените ефекти на ирачката војна врз војната против тероризмот. Иронијата е во тоа што и покрај тврдењата на Вашингтон во спротивен правец, ирачката војна можеби беше катализатор за терористичките напади. Се на се во две илјади и четврта година, како што сметаат експертите, ќе има уште многу апсења на терористите, но и уште мнеогу бомбашки напади.
XS
SM
MD
LG