Достапни линкови

Уште една лоша година зад нас, очекувањата за наредната песимистички


По што луѓето во Македонија ќе ја паметат 2003-тата година. На вакво прашање една скопјанка изјави:

„Пречекот во центар за нова година, лани. Тоа беше за мене најубаво. Во текот на годината ништо“

Овој тип одговор претставува впечатлива илустрација на начинот на којшто многу луѓе ја опишуваат атмосферата во која помина 2003-тата година во нашата земја.

„Слаба година, средно жалосно.“
„Лоша“
„Сите викаат лошо, зашто е за никаде!“

Она што паѓа во очи е причината што го продуцира ваквото расположение на македонските граѓани:

„Безработицата, тоа е најголем проблем во Македонија, кога тоа би се решило, мислам дека и други проблеми би се решиле.“


Ова го потврдуваат повеќе показатели. Во последното истражување на ИРИ, 50 насто од анкетираните невработеноста ја посочиле како доминантен проблем. Тој тренд го потврдуваат и податоците на Заводот за вработување. Од нив може да се забележи дека една четвртина од населението е без работа. Како нови невработени, секој месец се регистрираат меѓу пет илјади и шест илјади лица. Бројка што во најголем дел се должи на отпуштања од работните места.

„Познати, роднини, пријатели што ги знам останаа без работа годинава, а уште и ќе остануваат, затоа што нема напор за тоа да се избегне, туку едноставно со остар нож се сечат тие работни места, се затвораат.“

„Секојдневно остануваат дека ќе бидат на листата, ќе бидат со поени погоре или подолу.“

„Нема перспектива за младите.“

„Еве детето заврши факултет, ќе оди на брод, да работи во кафеанчиња таму, не е тоа за дете или девојка со 24, 25, 26 години, што треба да стартува во животот и да направи нешто.“


Нискиот животен стандард и сиромаштијата, проблем што главно го одбележува македонското секојдневие се логично објаснување, што во втор план луѓето ги ставаат интересите за какви било други случувања во нивното секојдневие:

„Целата ситуација се одразува и на расположението.“

„Луѓето се затворени и притиснати со проблеми.“

„За никаде е“

„Пензиите се мали, се поскапува“

„Платите се мали, 8000 и само за давачки едвај стасува.“

„Што ако работам, кој доаѓа да пазари, колку може да купи?“

„Тоа го нема никаде, му ја зема пченицата осум денари, а сега увезува пченица 14 – 15 денари. Греота е, луѓето го изгубија достоинството.“


Сепак, и покрај лошата економска и социјална слика:

„Фала богу, нова година доаѓа.“

вели еден скопјанец. Некои од граѓаните, црпат оптимизам од случувањата во приватниот живот:

„Ќерка ми се роди, тоа е најдобрата случка годинава.“

На општествен план, граѓаните позитивни примери во земјава, главно наоѓаат во некои случувања од културата, спортот, уметноста:

„Па, на тоа поле сигурно дека има, зависи кој што бара.“

„Одиме, колку можеме, неделно, со една плата, толку може, еднаш на театар, еднаш на кино.“

„Бев последен пат на една ликовна изложба.“

„Џез фестивал.“

„Охридско лето, врвна манифестација.“


Некои од тие примери, како што велат, даваат можност да веруваат дека носталгијата по времињата од пред десет години, кога како што посочуваат:

„Беше подобро.“

Ќе биде заменета со задоволство, од сегашноста:

„Надеж за 2004, за 2003 мислам дека нема пониско ниво.“

„Мора да се оправи работава, се надевам во тоа.“
XS
SM
MD
LG