Достапни линкови

Зголемени мерки за безбедност


Американската влада, како што е познато, го зголеми степенот на безбедноста на ниво од втор степен готовност поради пресметаниот ризик дека милитантите можат да лансираат напад на Соединетите Држави за време на сезоната на празници која е започната. Станува збор за одговор на зголемената комуникација меѓу членовите на терористичките групи како индиција за планирање напад од големи размери.

Објавувајки ја одлуката за подигање на нивото на безбедност пред неколку дена, американскиот секретар за домашна безбедност Том Риџ рече дека има индиции за закана можеби поголема од сите од нападот на 11 септември 2001 извршен од Ал Каида.

„Американските разузнавачки служби добија суштински зголемени извештаји за тероритички закани. Овие кредибилни извори сугерираат можност од напади врз земјата за време на сезоната на празниците, а и потоа.“

Том Риџ предупреди дека авионите повторно како на 11 сештември би можеле да бидат средство за напад. Токму затоа на аеродромите е зголемена будноста и на теренот зе зголемено присуството на агентите. За време на празниците посебно е, имено, зголемен домашниот авио транспорт на патници што е многу значајно за економијата на овој сектор во Соединетите Држави. Во Њујорк зголемени се полициските патроли, покриени се тунелите, мостовите. Властите на Чикаго побараа од федералната власт да ги смени редовните воздушни линии по кои летаа авионите односно да ги отстрани од од централното градско подрачје. Ова е пети пат по нападите на 11 септември и од воведувањето на новиот систем на тревоги да биде водено таканареченото портокалово ниво. Новиот систем предизвика политичка дебата во Америка. Белата Куќа дека е направен прогрес во спречувањето на активностите на Ал Каеда. Хауард Дин еден од претседателските кандидати на опозиционите демократи пак вели дека заробувањето на Садам Хусеин не ја направи Америка побезбедна. Другиот претседателски предизвикувач Дик Џефард изјави дека Белата Куќа малку направила за подобрување на безбедносната инфраструктура. Новиот систем на предупредувако ниво во Соединетите Држави е применет барем во уште една држава во светот. Имено Јапонија исто така ги зголеми безбедносните аранжмани иако Токио нема добиено специфични информации за напади, вели Јошио Фокуда шеф на кабинетот за безбедност.

„Нашата земја нема добиено специфични информации во однос на терористички напади, но откако Соединетите Држави презедоа такви мерки на предострожност и Јапонија тоа го направи на адекватен начин. Ние исто така ја зголемивме активноста на планот на размена на информации во и надвор од Јапонија.“

Досега во Соединетите Држави не е применет највисокиот степен на безбедност таканареченото црвено ниво. Експертите велат дека тоа може да биде прогласено само доколку нападот се случува или е на пат да се случи.
XS
SM
MD
LG