Достапни линкови

Оние што може да го решат проблемот немаат интерес за тоа


Десетгодишниот процес на приватизација ќе заврши, а малцинските акционери сеуште неможат да ги остварат своите акционерски права. Притисоците од газдите, менаџерите и потенцијалните сопственици врз работниците акционери продолжуват и тоа со истата динамика. А, шемата е онаа старата веќе позната и добро разработена:

„Има вработени кои ги продадоа и останаа во фирмата како вработени. Е сега, над тие вработени се врши притисок, со тоа што се казнувани, намалени им се платите, променети им се работните места и ден денеска трпат притисоци од менаџерксиот тим.“

„Надзорниот одбор и управниот одбор шуруваат заедно во секоја фирма, законот и правото веќе ништо не значат.“

велат Јован Цветановски и Голубина Петреска, акционери кои собраа храброст јавно да прозборат за тоа што и како доживуваат малите од страна на големите акционери. Проблемот одамна е лоциран, но очигледно оние кои треба тоа да го решат немаат интерес тоа да го сторат. Аргументот е, новите измени на законот за трговски друштва треба да ги подготват оние лица кои се правни застапници на фирмите во кои се направени и најголемите изигрувања врз малцинските акционери:

„Не функционираат воопшто институциите на државата.“
„Во Македонија сеуште не се заштитени правата на акционерите како што треба, зашто не се дефинирани законите до крај.“


А за примената на етичките норми во досегашниот процес на приватизација не станува ни збор констатира Милчо Ќупев директор во Македонската берза:

„Денеска најповеќе недостасува доследноста во примената на законските и етичките принципи.“

И додека ексертите ги вршат последните подготовки на измените на законот за трговски друштва со кој им се одзема правото на менаџерските тимови да управуват со акциите на вработените, во одредени компании првите луѓе веќе повлекле потег со цел зачуваување на контролата врз компанијата повторно на штета на малцинските акционери:

„Посушни луѓе од фирмата, акционери, ги назначува во Собранието и автоматски сите оние замисли што ги имаат како менаџери, преку нив, своите намери си ги реализираат.“

објаснува Цветановски. Имплементирањето на законот за трговски друштва требаше да стартува со почетокот на 2004 година, за потоа владата да соопшти дека неговото стапување на сила се пролонгира за почетокот на мај наредната година, Во меѓувреме прераспределбата на сеуште нераспределиниот капитал продолжува, на начин како што се одвиваше и досега.
XS
SM
MD
LG