Тоа што Македонија има висок степен на корупција не е случајно, па оттаму тоа што сега ни се случува е само последица на минатото тврди професорот на правниот факултет Ѓорѓе Марјановиќ. Проблемот е генетски и е врзан за историското минато на овој народ:
„Македонецот 500 години бил под Турција, таа држава не го штитела него. Кај него се створило чувство дека држава му е душман, па се обидува нејзината тешка рака да ја избегне. Треба да види дека државата може да биде и нивни заштитик.“
Тврдењето дека судиите, лекарите, царинските работници, котираат висока на листата на корумпирани дејности само затоа што овие службеници се слабо платени, не држи тврди Марјановиќ.
„И да се покрупни платите пак би имало место за корупција. Не е се во платата и во Америка има корупција.“
Се додека граѓаните ја гледаат државата како непријател кој мора да се изигра, се дотогаш ќе постојат случаи кога финансиски моќните кланови во Макеоднија ќе влијаат врз судските одлуки, шлеперите нецаринети ќе поминуваат преку граничните премини, а маркица за градежно земјиште ќе добие оној претрпиемач кој финансиски ќе го „подмачка“ подро6ниот инспектор .
„Тие што имаат пари имаат моќ да купат, луѓето се купени и тоа е проблемот.“
За да се промени ситуацијата кон подобро не треба многу, само едно, државата да изгради систем со кој ќе ја врати довербата кон граѓаните и ќе ги убеди дека таа е нивен слуга, а не тие на неа:
„Во оној момент кога државата ќе почне да се однесува така, кога законот ќе почне да одлучува дали некој има или нема право...“
Доколку државата не го смени својот начин на функционирање, а владите на владеење проектот влез во Европската Унија ќе остане само убав сон за Макеоднија и граѓаните кој живеат во неа.
„Ние не можеме да очекуваме да влеземе во Европа со ваков систем,“
е ставот на професорот по кривично право од правниот факултет Ѓорѓе Марјановиќ.