Достапни линкови

Ќе згаснат повеќе од 1400 мали фирми


1417 фирми поради неплатени придонеси до крајот на годината ќе бидат ликвидирани. Во оваа група влегуваат исклучиво мали и средни претпријатија, бидејќи големите компании во законски предвидениот рок успеаја да ги регулираат обврските кон фондовите за пензиско, инвалидско и здраствено осигурување објаснува Мато Симовски од Сојузот на синдикатите на Макеоднија.


„Од 1 јануари 2004 година, УЈП придонесите ќе ги наплатува директно од жиро смеките на овие претпријатија и на раководителите, односно менаџерите на овие претпријатија ќе се применуваат соодветни казнени одредби од законот.“

Во овие 1417 претпријатија влегуваат и оние компании кој се основани со однапред испланирана цел. За одреден временски период по исполнувањето на својата функција да бидат ликвидирани од страна на нивните газди , бидејќи нашата законска регулатива ја дозволува таа можност. Во овој случај свесно и неповратно говорат обврските кон вработените, кон доверителите и кон државата.

„За вкупен број на работници од околу 49000 не се склучени договори и претпријатијата не поднеле барања до фондовите за одлагање на долгот ниту за склучување било каков договор и аранжман со фондовите.“

Од вкупниот долг кон фондот за пензиско И ивалидско осигурување досега се покриени само 32%, а кон фондот за здравство 16%:


„Оваа бројка е далеку под очекуваното. Предлогот кој беше за отплаќање на 60 рати, со грејс период од една година, мислевме дека ќе бидат опфатени поголем број на вработени и поголем дел на работници.“


Доколку дојде до ликвидација на овие 1417 вирми на улица би останале 49 илјади вработени, кој во моментов во Заводот за вработување се регистрирани како нагажирана работна сила, за кој фирмата во која работат не издвојува придонеси. Ако владата е со намера да недојде до ваква ситуација неопходно ќе биде да се продолжи рокот што значи давање на дополнителна можност компанииите да ги регулираат обврските на име неплатени придонеси. Засега по ова прашање владата молчи.
XS
SM
MD
LG