Достапни линкови

Барт Де Хуг, оперативен шеф на „Проксима“. Мисијата е дел од напорите на ЕУ за помош во аспирациите на Македонија за членство во ЕУ


Господине Де Хуг пратениците од сите политички партии во македонскиот парламент едногласно го донесоа Законот за ратификација на Договорот меѓу Република Македонија и Европската унија за статусот и активностите на полициската мисија „Проксима“ која ќе стартува утре. Вие сте назначени за шеф на мисијата. Се чини дека се е подготвено и се е познато Сепак. Можете ли да ми дадете краток опис на најважните каракетристики на претстојаната мисија?

Во право сте. Се чини дека „Проксима“ е подготвена. Тоа е направено во мошне кусо време. Идејата за оваа мисија е од мај годинава, а таа започнува утре. Во Скопје веќе имаме 40 до 50 меѓународни полицајци. Започнуваме со распоредувањето на полицајците најпрвин во Скопје Тетово и Куманово, а како што ќе доаѓаат нови членови на мисијата тие ќе се распоредуваат во гостивар дебар Охриод Струга и кичево. Се на се ќе имаме околу 230 полициајци. Од нив 150 ќе бидат на терен, 13 до 15 во министерството за внатрешни ,потоа околу дваесте цивилни претставници кои главно ќе работат во администрацијата и ќе имаме мал број вооружени припадници на мисијата за заштита.

Една од задачите на полицајците од „Проксима“ е засилување на оперативноста на македонската полиција во борбата против организираниот криминал. Како мислите тоа да го направите?

Борбата против организираниот криминал е една од 5 –те цели на мисијата „Проксима“. Она што ние планираме да го направиме во првите месеци е проценка состојбите, какви се тие, со какви професионални и технички капацитети се располага и како тие да се доближат до европските стандарди. Значи оваа проценка ќе ни даде одговор на тоа што е потребно за ефикасна борба против организираниот криминал. Дали е тоа можеби промена на законската регулатива, на пример за употреба на специјални полициски техники, или се потребни дополнителни технички средства во смисла на опрема, оружје или можеби е тоа потреба од дополнителна обука. Се надевам дека за два до три месеци ќе имаме прилично јасна претстава и ќе можеме да ја профилираме операцијата насочена кон оваа цел.

Говорите за пет основни задачи или цели на мисијата. Освен помошта за македонската полиција во борбата против организираниот криминал кои се другите четири?

Другите четири се прво имплементација на националната стратегија за реформи на полицијата, операцијата за транзиција на гранИчниот менанцмент што значи пренос на надлежностите за границите од министерството за одбрана на министерството за внатрешни се разбира натамошно градење на довербата во смисла на подобрување на комуникацијата меќу полцијата и населението како и подобрување на регионалната соработка односно соработката со полициите во соседните земји.

Што можете да ми кажете за помошта на „Проксима“ во превземањето на одговорноста за границите од страна на полицијата?

„Проксима“ е дел од напорите и посветеноста на европската Унија за помош на владата во нејзините аспирации за приближување кон Унијата. А, што се однесува на европската интеграција граничниот менаџмент е еден од клучните фактори. Затоа што има многу предности. Регионална соработка, подобра контрола на границите што е важно и од аспект на борбата против организираниот криминал. За Европската унија граничниот менаџмент е исклучително значаен. Како „Проксима“ ние ќе и помагаме на владата не само во спроведувањето на националната стратегија за граничен менанџмент туку и во самата операција на пренос на надлежностите од одбраната во МВР. Како што знаете се предвидува првиот дел од таа операција да започне во мај идната година и очекувам дека ние ќе имаме важна улога во тоа. Од 150-те полицајци кои ќе бидат рапсоредени на теренот триесетина ќе бидат во полициските станици на границата.

Вие имате веќе искуство во Македонија со работата на полицијата. Бевте раководите на оделот на ОБСЕ кој се занимаваше со оваа проблематика, со тренирањето на полициските кадети од заедниците и со градењето на мерките на доверба Што според вас е клучна задача за подобрување на стандардите на македонската полиција?

Да бидам искрен пред воопшто да почнеме да размислуваме за приближување кон европските полициски стандарди неопходно е македонската полиција да стане сервис за помош на граѓаните. Факт е дека по конфликтот постоеше голем јаз меѓу полицијата и населението. Она Што ОБСЕ го направи е да ги спои, да ги седне на заедничка маса полицијата и локалното население за да можат да разговараат за проблемите безоглед дали е тоа криминал, сообраќај, улично осветлување. Значи ако сакаме да ја реформираме полицијата таа мора да биде прифатена од луѓето. Дури тогаш ние можеме да работиме на подобрување на нивната ефикасност. Да ви го представам тоа преку пример. Ако се прошетате низ земјава и ги погледнете полициските станици ќе видите дека станиците се чуваат од страна на полицајци во камуфлажна униформа, со панцири и калашњикови. Во таква атмосфера ако сте жртва на криминал или едноставно сакате да одите во полиција вие нема да се чувствувате пријатно. Значи таквиот имиџ мора да се промени. Полицијата мора да остава впечаток дека е тука за да им помогне на луѓето. Ова е работа која се нагласува кога станува збор за полициското патролирање и воопшто работата на полицијата. Тоа е партнерски однос меѓу неа и населението. Според мене тоа би требало да биде првиот чекор пред воопшто да се започне со законските и други организациони реформи

Има ли напредок во таа смисла, што говори вашето искуство од времето минато во Македонија и работата на теренот?

Тука сум повеќе од две години и пет месеци. Има голем напредок. Секако последната година и пол Особено со новото раководство на министерството кое во потполност ја прифати концепцијата на полициското работење во рамките на заедниците. Едноставно замислете дека се случи некој криминал, ако нема сведоци полицијата ќе биде немоќна да го реши случајот. Доколку населението не и верува на полицијата ниту еден сведок нема да се јави и истрагата стои во место. Во таа насока голем напредок е направен Точно е дека има уште да се направи но напредок има.

Каков е тој напредок кога имате ситуација каде полицијате не може да влезе во село и да уапси осомничени луѓе за криминал сите знаат дека се таму но полицијата не велгува или ако влезе може да се соочи со опасност од меѓуетничка криза, каква што имавме неодмана во брест. Мислам за каков напредок говориме, кога можеме да очекуваме нешто вистински да се смени?

Во оваа област вие не можете да очекувате радикални промени. Работите мора да се менуваат полека бидејќи тие се поврзани со промена на менталитетот. Кога зборував за полицијата реков дека таа треба да го свати населението како партнер и сојузник во борбата против криминалот, но истовремено населението треба да свати дека полицијата не е непријател. За овие работи кои паралелно треба да се промената е потребно време. Како што реков во целина ситуацијата е многу подобрена во тек се проекти иницијативи каде контактите меѓу полицијата и населението се одлични и има промени. Но, се разбира доста треба и натаму да се направи бидејќи како што реков станува збор за промена на менталитетот

И за крај на овој разговор во пресрет на распоредувањето на европолицајците на „Проксима“ како ја проценувате ситруацијата на теренот има ли закани и опасност од нови инциденти?

Мислам дека генерално можеме да кажеме дека земјата е стабилна. Тоа не значи дека се е совршено. Сеуште сме соочени со одреден број мали групи кои имаат криминални или политички мотиви и тоа може да предизвика проблеми. Мислам дека владата и полицијата треба да делуваат на еден професионален начин за реШавање на овие проблеми. Искрено мислам дека ќе продолжиме да се соочуваме со натамошно подобрување на ситуацијата. Во случај да има проблеми мислам дека ќе има доволно предупредувачки индиции кои ќе овозможат да видиме што се подготвува и да преземеме соодветни мерки. Мислам дека тука проксима може да помогне, во планирањето на можните одговори на тие проблеми.
XS
SM
MD
LG