Достапни линкови

Уапсен Садам Хусеин


Започнуваме со веста дека изутрината во близина на неговиот роден град Тикрит е упасен поранешниот ирачки лидер Садам Хусеин. Веста попладнево беше потврдена од американскиот цивилен администратор во Багдад Пол Бремер.

„Дами и господа го фативме. Ова е голем ден за ирачката историја. Тиранинот е затвореник.“

Рече Бремер додавајќи дека со тоа завршија деновите кога со децении илјадници ирачани страдале од раката на овој, како што рече суров човек. Шеесет и шест годишниот Садам Хусеин, по осум месечна потрага, бил уапсен во Ад даур во близина на Тикрит. Тој, како што на прес конференцијата прецизира командантот на американските сили во Ирак генерал Рикардо Санчез, бил пронајден во своето скривалиште, односно во една двометерска дупка. Притоа, според Санчез, Садам Хусеин не пружал отпор, туку соработувал со оние што го уапсиле. Генрал Санчез додаде дека во акцијата учествувале околу шестотини сојузнички сили. На прес конференцијата беа прикажани и видео снимки од апсењето на Хусеин како потврда на наводите на генерал Санчез. Тој исто така рече дека медицинските наоди покажале оти Хусеин немал повреди и бил во добра здравствена состојба и дека сега се наоѓал во рацете на американските сили на непозната локација. Апсењето на Садам Хусеин веднаш беше поздравено од прмиерите на Британија и на Шпанија, земји кои се главните сојузници на американците во Ирак, но и од премиерите на Франција и на Германија. Тони Блер изјави дека со тоа е отстранета опасноста од враќање на хусеиновиот режим во земјата. Одлична вест, беше реакцијата на генералниот секретар на НАТО Џорџ Робертсон кој оцени дека апсењето на Хусеин ќе придонесе за зголемување на стабилноста во Ирак. Инаку, како што јавуваат агенциите, стотици жители на Багдад и на некои други ирачки градови, излегле на улиците и пукајќи во воздух ја прославиле веста за апсењето на Садам Хусеин.
XS
SM
MD
LG