Достапни линкови

Немањето слух на партиите за гласот на народот причина за апатијата меѓу луѓето


Пораките добиени од јавноста преку последното истражување на меѓународниот републикански институт во кое се покажува засилување на впечатокот кај луѓето дека политичкиот естаблишмент не одговара на оние прашања што за електоратот се клучни во двете најголеми партии, владеачката СДСМ и опозиционата ВМРО-ДПМНЕ се доживуваат сериозно, коментираат портаролите Игор Иванов и Влатко Ѓорчев:

„Коректна е сликата којашто јавноста ја има, дека политичарите премногу време трошат на меѓусебните конфронтации и можеби таквата слика или тие конфронтации ги покриваат и намерите на одредени политичари за разрешување на проблемите на граѓаните.“

„Било која политичка партија мора сериозно да ги прифаќа пораките коишто доаѓаат од електоратот, пораките коишто доаѓаат од базата.“

Имено податоците говорат:

„Во основа 17 насто од испитаниците сметаат дека политичарите не говорат ништо друго освен за своите интереси, 16 насто велат дека зборуваат за корупцијата, но не прават ништо да ја спречат, 15 насто сметаат дека само меѓусебно се критикуваат,“

вели раководителот на последното истражување на ИРИ Дејвид Вилијамс. Овие резултати се сосема логични. Тие се повторуваат, но од естаблишментот нема повратен одговор, смета политикологот Ѓорѓи Иванов:

„Со самото ова што се повторуваат истиве резултати од јавното мислење и со продолжување на водење на истата политика се покажува дека вината е кај субјективниот фактор. Кај нас сеуште не се гледа храброст за некои радикални промени. И тоа отсуство на радикалност на економија, политика, во јавните сфери, во образование, здравство, доведува да се зголемува апатијата и недовербата.“

Кога сега би се одржале избори речии половина од електоратот или не би гласале или не би знаеле за кого да гласаат. Податок кој не е аларментен во неизборна година, но трендот загрижува. Пораката на истражувањето е токму во тоа вели Вилијамс

„Поентата е во тоа политичарите да почнат да рзаговараат со електоратот за тоа како ќе ги решаваат проблемите што навистина ги засегаат луѓето на еден вистински и чесен начин. А одговорите колку тие успеале во тоа ќе ги видиме на локалните и председателски избори.“
XS
SM
MD
LG