Достапни линкови

Интерпелација за работата на министерот за образование Азис Положани


Владеачките партии СДСМ и ДУИ сметаат дека со легализирањето на тетовскиот универзитет се решава еден проблем во образованието на припадниците на заедниците:

„Тоа е сепак еден договор помеѓу партнерите во владата и во овој момент јас сметам дека навистина има потреба од отворање на еден ваков универзитет, бидејќи она што се говори дека Штуловиот универзитет е тоа што ги задоволува потребите на заедниците во Македонија, не е решение, бидејќи тоа е сепак приватна иницијатива, финансирана од ЕУ, а правото за образување на свој јазик е легитимно.“

„Законот е добар и според нашите оценки, апсолутно преку овој закон и преку ставатање легални рамки на Тетовскиот универзитет, секако решаваме еден долгогодишен проблем којшто во минатото не беше решен заради политичките цели,“


изјавија Иван Анастасовски од социјалдемократскиот сојуз и Теута Арифи од ДУИ. Во однос на интерпелацијата на ВМРО-ДПМНЕ за министерот за образование Азис Положани тие сметаат дека и покрај некои пропусти направени во неговиот ресор тој треба да остане на функцијата прв човек во образованието.

Во ВМРО-ДПМНЕ пак се категорични дека Положани е виновен за хаосот во образованието:

„Интерпелацијата ја даваме сосема нормално со оглед на состојбите во коишто се наоѓа образованието. Со оглед на тоа што се случуваше минатата и оваа година во образованието, сметаме дека министерот за образование направи таков хаос во образованието што би требало да има интерпелација или во најдобар случај самиот да се повлече.“

изјави Коце Трајановски. Според него законот со кој се предвидува легализирање на тетовскиот универзитет не е во согласност со Уставот

„Сметаме е дека е неуставно, дека е избрзано и политички мотивирано и е договор меѓу СДСМ и ДУИ што во образованието ќе нанесе нов стил, дека некој со сила со притисок ќе може да легелизира институција. А, и самата постапка, е многу избрзана. Професорите што треба да предаваат немаат нострифицирани дипломи, условите, програмите...“
XS
SM
MD
LG