Достапни линкови

Студентски протести пред Собранието


Стоп доста е, премногу, се насловите под кои дел од студентите од факултетите на двата државни универзитета во државта го одржуваат протестот против донесување закон за основање трет државен универзитет во Тетово:

„Целта е да се преиспита акредитирањето на универзитетот во Мала Речица, сметаме дека на сила не може ништо да функционира,“

вели Петар Миролајски претставник на координтивното тело на протестите што се одржуваат пред парламентот, министерството за образование и владата. Учесниците во аргумнтација на мотивите за јавната манифестција на незадоволство, велат дека таа не е насочена против нивните колеги Албанци.

„Не сме воопшто против нив и нивното образование, туку сме против начинот на формирање на оваа високообразовна институција. Ако тие покажат дека нема да се скрати буџетот на двата постоечки универзитети, дека ќе се подобри квалитетот на образованието и на студентскиот стандард, и ако дојдат со факти мислам дека нема да биде никој против.“

На протестот на студентите на кој учествуваат претставници од факултетите од Битола, Штип, Охрид и Прилеп покрај поддршката што ја изразија неколу невладини организации и политички партии меѓу кои и најголмата опозициска ВМРО ДПМНЕ присуствуваат и групи граѓани:

„Им даваме поддршка, доста е веќе.“

Во Протестот на дел од студентите против основање трет државен универзитет не се приклучи сојузот на студентите.на скопскиот и на битолскиот уиниверзитет. Претседателот Марија Стамболиева вчера по средбата со министерот Азис Положани на која разговараа за елемнтите на проектот за отворање трет државен универзитет ги повика студентите да не земаат учество во уличната демократија оценувајќи дека таквиот начин не е достоен за искажување на ствовите на студентите. Сепак, студентите што денеска протестираа отвфрлаат дека таквите ставови може да ги поделат:

„Претседателите се избрани од студентите, така што ако студентите нам ни даваат поддршка, тогаш претседателите треба да размислат.“

велат студентнтите кои најавија дека во текот на денот ќе одлучат дали протестот што се одржува денеска ќе продолжи во наредните денови.
XS
SM
MD
LG