Обидите за нарушување на единството на МПЦ и на македонскиот народ ќе бидат неуспешни, порача архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, откако Српскиот синод го ракоположи и третиот архиереј од прогласената Охридска архиепископија, на чело со Зоран Вранишковски. Нема сила која може да формира друг Синод и друга црква, вели во обраќањето до верниците по повод големиот празник Св. „Климент Охридски“ поглаварот на МПЦ г.г. Стефан.
„Безуспешни ќе бидат сите обиди да се наруши единството во МПЦ и единството меѓу македонскиот правиославен народ. Овој народ се одбранил од повеќе егзарси и од повеќе јаничари и од повеќе одродници. Ако го зачуваме единството во Синодот и единството меѓу народот, нема сила што може да создаде ни паралелен Синод, ни пралелна црква.“
Токму Св. Климент, кој македонската црква го чевствува е нашиот најголем сведок дека од бога ни е дарувана црквата во Македонија, а откако се покрстија и на тие што денеска ни ја спорат, порача г.г. Стефан. Заканите од Србија не се безазлени, коментира историчарот Јован Донев:
„Мора да се каже јасно и гласно, дека внатре во Српската црква има сеуште струи коишто сеуште работат по старат политика на Милошевиќ.“
Донев посочува дека треба соодветно да им се одговори, без какво и да е попуштање.