Достапни линкови

Министерството за образование против, опозицијата поддржува протести


Во пресрет на најавените студентски протести поради донесувањето на закон за легализирање на тетовскиот универзитет, кои ги поддржуваат некои невладини организации и некои политички партии меѓу кои и најголемата опозициона ВМРО-ДПМНЕ, од министерството за образование сметаат дека процедурата е во рамки на уставот и законот и бараат од студентите да не протестираат

„Се апелира да не се излегува на протести и на студентите и на средношколците, бидејќи целокупниот процес е во рамките на законската процедура и постапка. Значи, предлог постои од Владата до парламентот и во рамките на надлежностите на парламентот е да разгледува ваков Предлог закон,“

изјави Тале Герамитчиоски, заменик министер за образование. Од друга страна во опозиционата ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека воопшто не постои обврска за усвојување на ваков закон:

„Никаде во Уставот и ниту во Рамковниот договор, дословно, не стои за регулирање на високото образование за заедниците. Туку се нагласува дека одредени проекти треба владата да ги оцени и да им помага. Еден таков проект, е на пример, Штуловиот универзитет, а може и други проекти. А, може и други проекти, значи воопшто не требаше донесување закон доколку владата сметаше дека постојат и други проекти што треба да бидат финансирани и треба да ги задоволат потребите на заедниците,“

вели Ѓорѓи Оровчанец, член на собраниската комисија за образивание. Експертите пак посочуваат дека протестите се право на секој граѓанин на државава, односно секој има право да ги искористи и овие таканаречени инструменти на уличина демократија кои се дел од демокртаското живеење:

„Во вакви економски услови, кога Република Македонија се соочува со економска криза, со се поголема сиромаштија и опаѓање на економскиот стандард, да се легализира уште еден универзитет, значи уште еден универзитет да потпадне под државни јасли. Двата универзитети што постојат, и Штуловиот универзитет се сосема доволна рамка за припадниците од албанската заедница, а и сите граѓани на Република Македонија би можеле да си го остварат своето право на високо образование,“

смета доцент Тања Каракамишева.
XS
SM
MD
LG