Достапни линкови

Парламентарни избори


В недела во Русија ќе се одржат парламентарни избори. Половината од 450-те места во Думата ќе бидат пополнети според пропорционалниот, а другата половина според мнозинскиот систем. Во предизборната кампања доминарше партијата Обединета Русија која, поддржана од власта во Кремљ имаше неограничен пристап во медиумите.

Пред една недела државната телевизија емитуваше интервју со рускиот претседател Владимир Путин во која тој објасни зошто ја поддржува Обединета Русија, партија која и сега ја има доминацијата во Думата. Ова интервју уште еднаш, според оценката на експертите, покажа колкава била медиумската предност на оваа партија пред другите. ОБСЕ, која ќе ги надгледува изборите, изрази загриженост за она што ги нарече нееднакви можности за кампања во Русија. ОБСЕ дури предупреди дека Обединета Русија користи владини извори за спроведување на својата предизборна кампања. Ваквата ситација ги натера опозиционите партии да ги сменат тактиките на кампањата. Данил Мешчерјаков, шеф на изборниот тим на Јаблоко, најстарата опозициона партија, вели дека, поради непристапот на државните медиуми, нивната кампања се спроведувала на локално ниво.

„За прв пат ние спроведовме таква кампања и тоа беше тешко за нас. Имаме штабови во триста и триесет градови преку кои главно делевме летоци за нашата програма.“

Мешчерјаков додава дека неговата партија се обидувала на таков начин да привлече што е можно повеќе гласачи.

„Најмногу има социјално ориентирани гласачи кои се многу критични спрема реформите, особено спрема начинот на кои тие беа спроведувани во последните десетина години. Тие се со социјално демократска ориентација и обично гласаат за комунистите. Нашата кампања беше фокусирана врз борбата против сиромаштијата.“

Во сегашниот состав на Думата двесте и десет места имаат пратениците од таканаречените прокремљски партии од кои сто и четириесет и пет од партијата Обединета Русија. Опозицијата најмногу ја репрезинтираат комунистите кои имаат сто и десет места. Според посматрачите, овие избори можат да резултираат со огромна победа на Обединета Русија. Се претпоставува дека таа би освоила над двесте и осумдест пратенички места. Коминистите повторно би биле втори. Партиите кои нема да го добијат цензусот од пет насто потребен за влез во Думата не ќе можат самостојно да учествуваат и на локалните избори. За да добие повеќе гласови партијата Јаблоко кампањата ја фокусираше и врз Чеченското прашање.

„Tаа тема е затворена за дебата. За неа не се дискутира и ја нема во другите програми. Затоа зборувањето за Чеченија е како провокација.“

Вели Мешчерјаков. Слично на Јаблоко, чиј главен финансиер Михаил Ходорковски беше уапсен во октомври годинава, и Комунистичката партија, поради немањето средства беше принудена да спроведува кампања од врата на врата.

„Тоа е нашиот главен начин на работа, пред се поради финасиските тешкотии и информативната блокада.“

рече за Радио Слободна Европа Јури Петријаков од Комунистичката партија.
XS
SM
MD
LG