Достапни линкови

Бројот на наркозависници алармантен


Бројот на наркозависници во Македонија е алармантен. Во државава се регистрирани околу 5 500 наркозависници, но бројката на лицата кои употребуваат дрога, велат надлежните не соодвествува со регистрираните случаи, бидејки реално таа е за три пати поголема од официјалните бројки. Она што посебно загрижува е зголемувањето на смртноста од прекумерна употреба на дрога чија бројка во изминативе десет години достигна до речиси 130 починати лица:

„Ние се потпираме на податоците коишто ги добиваме од внатрешниот регистар на МВР, на болничката статистика, на смртните случаи, врз основа на сите тие податоци повеќе од година дена зборуваме за една бројка пто се движи меѓу 20 и 30 илјади лица коишто употребуваат било каков вид на психотропна супстанца, меѓутоа она што е особено алармантно е падот на возраста, околу 15-тата, 16-тата година е почетната возраст, па дури имаме и случаи на 13 и 14 годишна возраст,“

вели д-р Славица Гајдази Кнежевиќ од дневниот центар за лекување на наркозависници која потенцира дека „она што години наназад загрижува е што во државава не постои соодветна институција за лекување на зависниците од дрога“

„Наспроти алармантните показатели, капацитетите на службите се останати исти со години наназад, иако имаше години кога бројката на заврисници ни растеше за 200 или 300 насто, што требаше да им се пружи помош. На тој начин, ние ниту по ефикасноста, ниту по достапноста, ниту по ефективноста на нашиот третман, не можеме да се пофалиме дека сме го постигнеле потребното ниво.“

Во акцијата за спречување на недозволената трговија со наркотичните дроги учество има и Миниситерството за внатрешни работи. Оттаму велат дека недозвоелната трговија бележи пораст, бидејки Македонија поради својата географска положба има значајна улога на патот на дрогата.

„Откриени се 223 кривични дела на произвидство и пуштање во промет наркотични дроги. Во истиот период лани 160 вакви дела се регистрирани. Пресечени се 11 меѓународни канали преку кои се криумчари дрога,“

изјавува Борче Пешевски од Минситерството за внатрешни работи.

Најголем број на зависници се регистрирани во Скопје, 2 304 лица а по него со бројка од 615 регистрирни, следи Куманово. За споредба, пред десетина години во државава биле регистрирнаи 395 наркозависници.
XS
SM
MD
LG