Достапни линкови

Ние и тие, лева и десна страна на Вардар, чисти етнички населби


Безбедносната состојба, етничката сегрегација, лошата социјалната состојба, ова се причините поради кои меѓу граѓаните пред се на Скопје, владее отуѓеност, речиси никаква комуникација, затвореност во себе, страв од дружење. Ова го покажува истражувањето на Здружението за култура на живеењето, за урбанизација и хуманизација на просторот, „Урбис“.

„Постои една поделеност на ние и тие, на лева и десна страна на Вардар, на јасно препознатливи етнички енклави, на Ромски маала, на етнички чисти населби. Овој процес на сегрегација во однос на етничката припадност продолжува и понатму во Скопје и во последно време се интензивира. Оваа поделеност во градот создава негативна енергија, што значи дека меѓу луѓето од разна етничка припадност не постои доволно комуникација. Не само на етничка, туку и социјална сегрегацијам Скопје опасно се дели,“

потенцира професор социолог Илија Ацевски.

Сите овие причини, според истражувањето на УРБИС, се причина за губењето на соседските односи мегу лугето, што пред деведесеттите беа главен белег на градот.

„За жал скоро и да не постојат комуникации во соседства што се етнички мешани. Соседството ја губи таа димензија што е резултат и на новото време на мобилни телефони, не Интернет, па се случува вие да живеете во зграда каде што среќавате непознати луѓе.“

Скопјани во секој случај жалат за она поранешно Скопје, дружењето, слободата, незначењето на националноста:

„Во минатото беше слободно, убаво со пари.“
„Нема како што беше порано, било кој да е нападнат нема кој да го заштити. Има отуѓеност, нема другарсвто, пријателство, без разлика на националност, Македонец со Македонец нема, а камо ли Македонец со Албанец.“
XS
SM
MD
LG