Достапни линкови

Законски промени, за приближување кон граѓаните


Во државава повеќе од шест години постои институцијата народен правобранител, што работи во интерес на граѓаните и ги застапува во случај кога нивните законски или уставни права се повредени од органите на државната управа. Со измените на законот што неодамна беа усвоени од страна на Собранието, Народниот правобранител се здоби со поголеми ингеренции и надлежности, се во функција на заштита на правата на граѓаните, вели Народниот Правобранител Бранко Наумовски:

„Измените се однесуваат во промена на организационата поставеност. Се одеше кон тоа да им се приближиме на граѓаните и тоа е направено со интервенција во Законот со организирање на шест нови подрачни единици, каде што ќе функцинираат посебни канцеларии на оваа институција.“

Иако канцеларијата постои повеќе години, граѓаните во државава, не се доволно запознаени со оваа институција:

„Само рекламата што ја има, само тоа го имам слушнато.“
„Ќе му се здосади на тој правобранителот, нема ништо на место, дали судство, дали здравство.“
„Кога би имал потреба би ја искористил можноста, ама не сум имал можност.“


Мислењето на граѓаните го потврдуваат и од канцеларијата на омбудсманот, кој вината ја лоцираат кај државата која досега не посветувала доволно внимание за оваа интитуција. Со помош на меѓународните организации во земјава, во текот на изминатиов месец организирана е медиумска кампања, која значително го зголемила интересот кај граганите да се обратат до канцеларијата на народниот правобрантиел и да побараат помош во решавањето на одредени постапки.

„Сондажата покажа дека граѓаните знаат дека постои народен правобранител, но во вториот дел од таа анкета, колку знаат граѓаните што е надлежноста, навистина покажа дека граѓаните не знаат што е надлежноста на оваа институција,“

потенцира Наумовски.

Во текот на досегашната работа, утврдено е дека 90% од поведените постапки од страна на граѓаните не се решени од страна на државните органи, и е побарана помош од народниот правобранител што ја покажува ефикасноста на оваа институција, изјавува народниот правобранител.
XS
SM
MD
LG