Преголемиот број на предмети и обемната настава, е генерален проблем во универзитетското образование во земјава. И професорите и студентите го делат мислењето дека домашниот образовен систем, е повеќе сконцентиран на обемната теорија отколку на практичната настава, искуство, кое наспроти она кај нас, повеќе е карактеристично за земјите од светот. Овој недосток карактеристичен пред се во факултетското образование во земјава, што го потврдуваат и универзитетските професори, го наметнува прашањето колку студентите по завршувањето на Факултетот се подготвени и практично да одговорат на работните задачи?
„Што се однесува до студентите на атхитектонскиот факултет, мислам дека преголемиот број на предемети, кај нас, на нашиот факултет има 101 предмет, малку остава простор за она што архитектурата во својата суштина и претставува, што ќе рече уметност. Оттаму по дипломирањето и минувањето низ широка научна сфера, на крајот сепак добиваме студент кој не е подготвен да влезе во архитектурата како творец,“
потенцира професорот на архитектонскиот факултет Владо Георгиевски.
Најзасегнатите пак, студентите, го делат истото мислење и потенцираат дека нивната практична настава пред се зависи од добрата волја на професорите:
„Во принцип нас часовите ни се составени само од теориски дел, многу малку се обрнува на практичниот дел, можеби постојат некои семинарски проекти, ама не се многу добро испланирани. Факт е дека кога ќе се отиде во фирма на работа потребно е прилагодување и согледување ан реалноста бидејќи не може теоријата туку така лесно да се примени.“
„Со оглед на тоа што студирам архитектура, треба праксата да биде застапена, ама не е, дури и предавањата се само кажувања на професорите.“
Колку за илустрација, во текот на четиригодишно студирање во земјава, студените изучуваат во просек по 50-тина предмети, за разлика од земјите во светот чиј број се движи околу 25.