Достапни линкови

Објавени официјалните резултати од пописот во Македонија


Во Република Македонија живеат вкупно два милиона дваесет две илјади 547 лица. Најголема концентрација на неселенеито е во Скопје, каде живеат повеќе од 23 насто од вкупното население. Етничката структура на земјава покажува:

„Како Македонци се изјасниле 64,7 насто од вкупното население, како Албанци 25,17 насто, како Турци 3,85 насто, како Роми 2,66 насто, какво Власи 0,48 насто, како Срби 1,78 насто, како Бошњаци 0,84 насто и како припадници на останатите заедници 1,04 насто од вкупното население,“

соопшти директорот на државниот завод за статистика Дончо Герасимовски. Првите резултати од пописот содржат податоци за бројот на попишаните лица, за вкупното население, неговата старосна, полова и етничка структура, за бројот на домаќинствата и живеалиштата. Целата операција, од процесот на планирањето, преку теренската работа до обработката на податоците беше спроведена во согласност со меѓународните стандарди, но и под меѓународен мониторинг. За конечните резултати поточно за последната фаза која подразбира обработка на податоците беше задолжена шест члена експертска група предводена од Халгримур Сноренсон:

„Пописот беше успешен, изведен професионално и во согласност со меѓународните стандард,“

оцени Сноренсон. Оттаму и препораките на меѓународните набљудувачи дека податоците добиени со пописот се валидни, веродостојни и корисни за натамошни социолошки и економски планирања. До јуни идната година според најавите на Државниот завод за статистика ќе бидат објавени сите податоци добиени со најобемната статистичка операција на земјава. Во првите реакции бележиме став на потпредседателот на државната пописна комисија Џемаили Саити од ДПА:

„Генерално и ние можеме да дадеме оценка дека успешен беше пописот, меѓутоа останува да се разгледаат тие забелешки коишто цело време ги дававме во однос на учеството на Државната пописна комисија, дали навистина се одразува и има место за сомневање.“

Заменик директорот на државниот завод за статистика воендно член на ДУИ Мижаим Адеми вели:

„Ценам дека овие резултати се веродостојни.“
XS
SM
MD
LG