Достапни линкови

Селективната толеранција предизвикува конфузија кај граѓаните


Никој не е среќен кога полициска акција завршува со жртви без разлика колкаво е дебело криминалното досие на одредено лице вели аналитичарот Ѓунер Исмаил, коментирајќи ја последната полициска акција при што беше убиен Диме Ицковски Поштарот.

„На крајот на краиштата, во Македонија судовите донесуваат пресуди за нечија вина. Прашањето е кое ниво на толеранција нашата полиција ќе го воспостави и ќе го негува, така да се каже. Ние станавме прочуена држава во светот по тоа што нашето ниво на толеранција е селективно, не е секогаш исто и има конфузии кај граѓаните и кај оние коишто биле или се или се подготвуваат на другата страна на законот.“

Но, сепак, вели Ѓунер Исмаил јавноста е свесна дека полицијата поради надворешни причини, а не внатрешно политички не секогаш е тврда и не селективна:

„Ова нека биде една тажна опомена, за пред се полицијата, а и за оние коишто се спремаат или се од онаа страна на законот, дека во оваа земја, дај боже работите да тргнат на еден тврд разговор со криминалот.“

За политикогот Мерсел Биљали реакциите на јавноста при вакви акции се реаултат не нездравото ткиво во нашето општество

„Етничката поделеност и навивачкиот аспект мислам дека со ништо не придонесуваат. Дел од структурите коишто ништо не можат да понудат на јавноста, па секогаш ги вртат тие сентиментални судбини на луѓето.“

Додека за Ѓунер Исмаил ракциите на граѓаните при вакви акции се разбирливи, но не се јасни вели тој избрзаните рекции на одредени политички партии кои полициската акција ја оквалиикуваа како анти-македонски чин:

„Нашите политички партии немаат голем кредибилитет за да судат, пресудуваат и ги вреднуваат полициските акции против криминалот. Во оваа земја мора да функционира законот. Секој којшто во оваа земја застанува зад некој микрофон на некоја политичка партија треба прво ова да го научи, дека законот мора да важи еднакво за сите, дали тој е Македонец, Албанец или Турчин, сосема ми е сеедно.“
XS
SM
MD
LG