Достапни линкови

Според договорот со ММФ до крајот на годинава отпуштање на 400 лица


До крајот на оваа година, според обврските преземени од охридскиот договор во здравството треба да се вработат уште два проценти од припадниците на другите зедницата. Со оваа одлука што ја донесе владата министерстото за здравство во период од месец и половина треба да вработи околу 400 нови лица:

„Знам дека има доста невработени лекари скоро во сите општини, што чекаат работа и дипломирале или тука или било каде, и што имаат нострифицирани диплома и имаат право на работа во Република Македонија. Е сега, точниот број не би можел со сигурност да го кажам,“

изјави министерот за образоавние Азис Положани комнтирајќи ја одлуката за зголемување на бројот на припдниците на заедниците во здравството.

Заменик министерот за здравство Др Никола Пановски вели дека за да биде спроведена таквата одлука од директорите на здравствените организации, во наредниот период ќе бидат побарани предлози за нивните потреби од кадар. Но, тој се сомнева дека таквата одлка ќе биде спроведена во рокот што е предвиден. Причината за пролонгирање на тој рок според Др Пановски се должи на тоа што станува збор за чувствителна ситуација. Тој укажува дека во меѓувреме од здравството треба да бидат отпуштени 400 тини други вработени, што пак претствува обврска што произлегува од реформите во јавната админситарција

„Тие што се отпуштаат, не припаѓаат на албанската заедница, и тоа е малку политички чувствителна работа.“

Др Пановски потсетува дека во периодот од 2001 година, до сега по природен пат со пензионирање од здравството веке си заминале 400 лица чии места не се пополнети. Минситерството за здарвто очекувало дека ММФ ќе им ги признае овие испразнети места со што нама да има потреба од допнително испуштање на нови 400 лица, но тоа не било прифатено:

„Мене сега ми стана јасно зошто не било прифатено. Се чуваат во резерва, за имплементација на рамковниот договор.“

Заменик министерот за здравство во тој контекст вели дека спроведувањето на обрвските од Охридскиот договор се чувствителни и тешки задачи, но дека не постои поинаква солуција од таа што е веќе прифатена:

„Не треба после тоа да бидеме свесни, работата е потпишана, и од опозицијата сегашна и од власта и што мора треба да се спроведе, најбезболно.“
XS
SM
MD
LG