Достапни линкови

Рестриктивен буџет и дефицот од 40 милиони евра


Буџетот за 2004 година ќе биде рестриктивен, изјави министерот за финансии Никола Поповски по доцна синоќа завршената средба со преставниците на Меѓународниот Монетарен Фонд. Тоа значи, вкупните приходи се предвидени на нивото од 926 милиони евра додека, дефицитот ќе изнесува 0.9% или цели 40 милиони евра. Овие податоци се реализирани врз предвидените економски параметри, економски раст од 4% и стапка на инфлација 2.5%.

„Одиме со предвидените параметри, намалување на администрацијата од четири насто, со исклучок на АРМ и МВР кои се во посебен пакет,“

вели министерто за финансии Никола Поповски. За првиот човек на мисијата на Меѓународниот Монетарен Фонд Франек Розвадовски скроената државна каса за нареданта година обезбедува реален економски раст:.

„Буџетот го става во одржлива позиција со што се острануваат сите оние негативни работи што се случуваа во годините на кризата и тој ќе преставува основа за одржлива здрава фискална политика.“

И покрај тврдењето на поповски дека се работи за рестриктивен буџет економските експерти велат, буџетот е релаксиран и истиот можеше да биде многу по штедлив со оглед на предвидената стапката на раст која треба да се оствари . Аргументот е буџетот нема реални приходи за покривање на предвидените расходи.

За првпат од кроењето на држаните каси во изминатите години за 2004 година е предвидено дел од буџетот да се финансира со издавање на трезорски записи и тоа во вредност од 2 милијарди денари. Розвадовски со став, овие харитии од вредност ќе придонесат и за заживување на финансискиот пазар.

„Македонија за првпат ќе ги воведе трезорските записи, што всушност ќе преставува збогатување на начинот на финансирање на буџетот, а во исто време ќе го збогати и финансискиот систем со тоа што ќе се создаде нов начин на инвестирање шо ќе можат да го користат како банките така и населението.“

Според економските експерти издавањето на трезорските записи е решение на кое треба посебно да се посвети внимание со оглед на фактот што пуштањето во промет на овие хартии од вредност значи внатрешно задолжување, што не е помалку опасно од надворешното задолжување.

И покрај инсистираето на македонската страна на овие преговори да се отвори прашањето дали да се продолжи „стенд – бај“ аранмжнот за дополнителни шест месеци или да превземе ЕФФ аранжман, тоа небило сторено. Аргуемнтот бил, оваа мисија е строго наменска да се договори буџетот на наредната година. На следната средба може да се разговара што по 1 април 2004 година, бил ставот на Розвадовски.
XS
SM
MD
LG