Достапни линкови

Лоренс Батлер, амбасадор на САД во Македонија. Односите меѓу САД и Македонија никогаш не биле посилни


Како вие би ја формулирале политичката порака која произлегува од предстојната посета на САД на владина делегација предводена од премиерот?

Политичката порака е дека билатералните односи меѓу Македонија и САД никогаш не биле посилни.Фокусот или темите на разговорите ќе бидат : изразување на благодарност за македонската подршка за она што сакаме да го постигнеме во Авганиста и Ирак, второ поддршка и охрабрување за македонските напори за реформи во одбраната согласно критериумите на НАТо во пресрет на самитот идната година во Истанбул и трето исто така охрабрување и можеби гласно размилсување за тоа како најдобро да се промовира и стимулира македонската економија

Ги споменатвте реформите во одбраната дали е точно дека НАТО и САД бараат предвремено пензионирање на речиси половина членови на генералштабот?

Еден од големите предизвици пред министерството за одбрана и армијата е фактот што 90 или 95 насто од буџетот за министерството и армијата одат на плати на персоналот. Не останува ништо за опрема, тренинг, муниција, гориво и инвестирање за иднина. Јас знам дека пред две недели парламентот усвои закон кој дава легална основа за пензионирање на околу осум илјади офицери, членови на министерството до 2007-мата. Тоа е болно. Јас ги почитувам и им се восхитувам на оние кои облекуваат униформа Тие ја сакаат својата земја својата работа. така што со голема доза на почитување ќе кажам за жал - мора да се донесат тешки одлуки.. А што се однесува до раководството тоа е прашање за кое одлука ќе донесат председателот Трајковски, министерот Бучковски, и генералштабот, кој е насоодветен да ја поведе Македонија во НАТО.

Рековте дека во Вашингтон ќе се разговара и за економијата. Премиерот посочи дека на тоа поле има слаби резултати. Реконстурирани се министри од тој ресор. Како вие ги оценувате работите во таат сфера?

Јас ќе бидам оптимист и ќе речам дека македонската економија функционира многу подобро отколку што тоа луѓето и го признаваат. Премиерот беше брутално искрен и самокритичен со тоа што кажа дека економијата не ги постигна саканите резултати. Мислам дека секој ќе се согласи со тоа, невработеноста е суште проблем, извозот е мал, веројатно повеќе можеше да се направи во подобрувањето на бзинис климата. Клучно е прашањето каде е Македонија во борбата со корупцијата. Фактот дека е рангирана на 103-тото место е страшен бидејќи странските инвеститори го читаат извештајот на „Транспаренси интернашнал“.

Во тек сте со процесот на усопгласување на нацрт законите од пакетот наречен децентрализација. Роковите се очигледно пробиени. Што е каменот на сопнување, зошто работите не одат побргу? Според вас кога можеме да очекуваме овие закони да се најдат пред пратениците.?

Законот за територијална поделба на Македонија по кој следи законот за финансирање се двата од трите последнии закони предвидени со рамковниот договор. Се покажа малку потешко отколку што се предвидуваше за владата да постигне консензус за бројот на општините. јас не сум изненаден од тоа. Разбирливо е дека општините кои се формирани во 84 и сега треба да престанат да постојат пружаат отпор. Можам да го разберам отпоро, лобирањето, но затоа постои политички систем и одговорноста е на премиерот Црвенковски и вицепремиерот Муса Џафери да ги решат овие проблеми и да изнајдат начин нацрт законот да го изнесат пред парламентот. Јас сум убеден дека до крајот на годинава двата закона ќе влезат во собраниска процедура, а еден или можеби и двата ќе бидат и усвоени. Точно е дека работите се одолговлекоа повеќе од очекуваното, но важно е законите да бидат добро усогласени и формулирани и исто така важно е тие да дојдат истовремено со резултатите од пописот.

Генерално како ја оценувате безбедноста и заканата таа да биде загрозена со нови инциденти

Да чукнеме во дрво. Нив ги немавме одредено време, но не значи дека нема да ги имаме. Постојат изолирани поединци и чудни мали групи кои се вмешани во криминални активности. Всушност криминални активности не е вистинскиот збор за нив. Тие се бандити кои пљачкосуваат наоколу обидувајќи се да профитираат од други луѓе. И директно можам да ви кажам во нив можете да ги вклучите и луѓето како што се Изаир Самиу кој се јавува како сопственик на објектот каде се префлени дел од студентите на малоречанскиот факултет. Тој и таквите околу него заработуваат пари од нечија желба за образование. Тоа се вика експлоатација. Дури и да не е нелегално, тоа е неморално.
XS
SM
MD
LG