Достапни линкови

Наместо беби пакети за 1500 денари, 3000 денари во готово за секое првородено дете


Првородените деца од јануари идната година ќе бидат побогати- наместо досегашните 1500 денари, сумата се зголемува дупло- 3000 денари и тоа во готово, наместо досегашните беби пакети. Ова е практичен потег на Минситерството за труд и социјала- објаснува првиот човек Јован Манасиевски

„Ќе ги даваме овие 3,000 денари во кеш на мајките за секое прво родено дете, тие да ги потрошат како што сметаат дека е најпаметно.“

Минатата година биле издвоени 35 милиони денари за 1200 првородени деца, но сепак- семејствата не биле воопшто задоволни од пакетите:

„Работите таму не се квалитетни, не ги исполнуваат барањата на луѓето, имаме доста поплаки од самите мајки и бидејќи тргнуваме од една сосема здраво разумска работа дека родителите најдобро знаат како да ги потрошат парите на своите деца.“

Ваквиот став на првиот социјелец е идентичен со оној на граѓаните:

„Продуктите во пакетите беа со многу лош квалитет и јас како мајка не ги употребував пелените во пакетите. Мислам дека со овие 3,000 денари јас ќе си најдам со подобар квалитет.“

Но, мотивот на оваа промена не е само заради задоволување на вистинските потреби на семејствата. Аргумент плус за Манасиевски се малверзациите кои се правеле и на кои тој сака да им стави крај:

„Оваа форма на беби пакет поради тендерските постапки и изборите беше честопати предемет на разни типови манипулации.“

Опцијата-пари а не беби пакети е поприфатлива и за идните мајки

„Со оглед дека за оние пари што ги нуди министерството секоја мајка може да одлучи за што конкретно ќе ги искористи, а не однапред од министерството да се утврдува што ќе биде потребно.“

Но, оваа сума е премногу мала и тешко може да ги покрие првичните трошоци. Споредбата со некои други земји го покажува очигледниот низок стандард

„Грција даваат помош и до 1,500 евра, така што нашите 50 евра се многу мали во однос на помошта и стимулот на порастот на наталитетот на една земја.“

Јас би бил најсреќен кога би делел три пати повеќе пари на семејствата, но ние работиме во многу тврди буџетски рамки и нема шанси за зголемување на овие средства вели Манасиевски, кој додава - во оваа тешка ситуација, тоа е максимумот.
XS
SM
MD
LG