Достапни линкови

Означени само 20 километри од границата


На 19 ноември двеилјади и втората, на местото Градиште, беше поставена тромеѓната ознака меѓу Република Македонија, Република Бугарија и тогашната СРЈ. Речиси точно година дена подоцна одбележени се дваесетина километри од границата. Се одвива ли демаркацијата бавно. Постои ли договорена временска рамка во која се очекува работите да завршат:

„Тоа ќе зависи од многу практични работи коишто ќе се одвиваат, од самата конфигурација на теренот којашто на некои делови е многу карактеристична и тешко достапна, а згора на тоа постојат и временски услови во коишто не може да се планира баш онака терминолошки и од тие причини во оваа фаза е тешко тоа да се одговори.“

изјави портпаролот на македонското министерство за надворешни Душко Узуновски. За досега сработеното тој вели:

„Практичната работа се одвива во два од вкупно шест секторим што зафаќаат 80 километри, од вкупно 280 колку што е целата должина на границата. Инаку, до сега на овој дел се поставени 95 големи и 300 мали столбови, со што практично е одбележана една четвртина на границата на тие два сектори.“

Мешвитата експертска комисија до крајот на годинава треба да се состане и да го официјализира досега сработеното, но и да ги одреди идните активности. Очекувањата се дека во следната фаза која започнува напролет работите ќе одат побрзо. Во меѓувреме демаркацијата на граничната линија во делот со Косово мирува:

„Што се однесува до нас, нема ништо ново во врска со прашањето на границата. Нашата позиција останува непроменета и онаква каква што и досега била, Ние го почитуваме договорот за границата,“

изјави портпаролката на УНМИК Изабела Карловиц.

Во релацијата со тој дел од границата активностите беа фокусиранби на отворање на двата гранични премина Стрезимир рестелица кој функционира и Танушевци Дебалде кој сеуште не работи.
XS
SM
MD
LG