Достапни линкови

Трендот на иселување на Македонците од Чаир продолжува


Трендот на иселување на жителите од македонска националност од скопската општина Чаир каде што живее население од мешан етнички состав кој беше присутен во измиантите неколку години продолжува.

„Па, од причини, најпрвин населбава, масовно почнаа да се селат Македонците.
„Масовно почнаа да ги продаваат становите имаме четворица од едниот и четворица од другиот влез.“


Луѓето се селат од Чаир по пат на продажба или замена на нивното живеалиште со помало во друга населба за цена која речиси е двојно пониска од цената на чинење на кавадратот во другите скопски општини. Причините поради кои тие ги продаваат домовите не ретко се сведуваат на одговорот

„Веќе не е безбедно, пред војната секоја вечер шетав со ќерката до 11 вечер, сега веќе нема излегување надвор.“
„Не дека се пука, ама некако навечер е многу пусто, не како во другите населби. Има многу луѓе што доаѓаат да се дрогираат.“


Во врска со безбедносниот аспект кој жителите на Чаир го наведуваат како една од причините поради која си замнуваат податоците од полицијата зборуваат дека

„Според податоците УВР Чаир е на последното место, а на прво е УВР Центар.“

Во презентација на овие податови претставникот на МВР Борче Велјановски вели:

„На Чаир отпаѓа 11,5 проценти од вкупениот криминалитет во градот. А, со тоа во расчистувањето на криминалните дела е со 10,3 насто.“

Појавата на миграции во оваа општина е еден сегмент од истражување на Др. Јорадн Јакимовски од иснтитутот за социолошко политички истражувања. Според ова истражување се предвидува:

„Во општина Чаир се предвидува до 1920 година бројот на албанската популација да се зголеми, така што би учествувала албанската популација со 34 насто, а македонската популација со 42 насто.“

Последите податоци за соодносот на бројот на жители според нивната етничка припадност во Чаир датираат од пописот во 1994-та година според кои во оваа населба Македонците учствуваат со 46.4 проценти, а жителите од албанска националност со 26,9 проценти.
XS
SM
MD
LG