Достапни линкови

Оптималниот број општини во Македонија околу 82


Вистинско решение за територијалната поделба на Македонија е одамна понудениот модел зад кој стои стручна аргументација, бројот на општините во земјва да биде сведен на 82, вели професорот на Институтот за географија, доктор Никола Панов:

„Тоа беше предлог одамна, бројот на општините да се движи некаде меѓу 78 и 82. Фактичката состојба на теренот покажуваат дека треба да функционираат околу 82 општини. Тоа беше прелогот, а потоа како резултат на политички влијанија бројот на општините отиде на 123. Тие се вештачки од 82 до 123.“

Сепак, смета Панов во оваа ситуација многу подобро е и овие 123 општини да продолжат да функцижонираат отколку тие да бидат сведени на 50-тина:

„Се покажа дека било напразно зголемувањето за сите овие 123 општини.“

Зад предложениот нацрт закон за териротијална поделба се кријат некои други, сосема погрешни мотиви:

„Се оди кон тоа да се концентрира голема сума пари во мал број општини. Тука веднаш се јавуваат сомнежи како тие пари ќе се трошат, каде таа пара ќе оди. Сега помалите општини си вложуваат во својата инфраструктура и на вистинско место, а вака потворно се сака да се има моќ за пари.“

Во ваква ситуација, професор Панов предлага, можеби е подобро законот сепак да почека:

„Можеби е најоптимално да почекаме со таа територијална поделба. Да останат овие општини коишто сега функционираат, зашто се покажа дека освен неколку општини сите други добро функционираат.“
XS
SM
MD
LG