Достапни линкови

И денеска нема да биде објавена листата на кандидати


Ниту денеска нема да бидат објавени имињата на кандидатите кои треба да го започнат курсот за административци, иако на 1 ноември веќе требаше да стартува тренинг програмата за 500 административци Албанци и 100 кандидати од другите заедници кои што живеат во земјава.

Вице премиерот Муса Џафери вели ние досега не сме поставуале рокови.

„Ние не сме поставувале рокови и не ги одложуваме. Јавноста и медиумите сами ги поставуваат роковите и потоа нив ги сметат како наши рокови,„

изјави Муса Џафери кој сепак повторно сам си постави рок

Не набргу туку во текот на неделата сите имиња на кандидатите ќе бидат јавно обавени. Како проблеми за доцнењето вицепремиерот Џафери ги посочува:

„Тоа се објектите каде ќе се овива курсот, педагозите како и учебниците, проблемот не само во селкционирањето на листата на кандидатите,“

изјави Муса џафери.

Додека од Европската агенција за реконструкција која го финансираа проектот за обука на новите административци без коментар зошто доцни почетокот на курсот за новите 600 административици. Оттаму со најава дека тоа наскоро ќе се случи.

Опозиционата ДПА пак, обвинува дека селекионирањето на кандидатите се врши по партиска линија:

„Факт е дека сите тие документи се разгледуваат многу прецизно, не случајно да помине некој симпатизер или член од другите политички партии. Поради ова има голем револт кај самите тие што конкурирале на конкурсот и мислам дека ова е чиста манипулација со младите луѓе кои имаат надеж да се вработат.

изјави Иљаз Халими. Потпретседателот на Владата Муса Џафери на ова со одговор:

„Сите листи се под надзор на европската агенција за реконструција и нема простор за нивна злоупотреба. Агенцијата за реконструкција писмено ќе ги информира кандидатите кои се примени но и тие кои се одбиени така што целата поцедура ќе биде транспарента,“

најави вице премиерот Муса Џафери.
XS
SM
MD
LG