Достапни линкови

Предложениот закон политички маркетинг пред локалните избори


По шест годишна голгота на штедачите од пропаднатата битолска штедилница ТАТ за прв пат се најавуваат посериозни сигнали за нејзино окончување. Промените во законот за регулирање на побарувањата од пропаднатите штедилници се иницирани од пратениците од редовите на СДСМ и ЛДП. Доколку парламентарните предлози доживеат собраниска верификација, конвертибилните сертификати кои штедачите со влогови поголеми од 1,000 евра ги добија минатата година ќе можат поефективно да се користат:

„За купување на станбен и деловен простор, со којшто располага државата, преку јавното претпријатие за станбен и деловен простори и втората можност е што го продолживме рокот на важење на тие сертификати од периодот којшто сега завршува да трае уште една година. Со тоа мислиме дека ќе има можност за зголемување на вредноста на сетификатите,“

истакнува пратеникот Слободан Најдовски.

До сега оштетените штедачи сертификатите можат да ги користат за купување акции и имоти со кои располага агенцијата за приватизација. Овие хартии од вредност за сега имаат ограничена трајност од две години, а нивниот рок завршува во јуни идната година. Тие никогаш не достигнаа поволни цени на берзата и нивната сегашна вредност изнесува ниски 29 проценти. Токму затоа, пратеничкиот предлог побуди интерес кај граѓаните. Штедачите дадоа зелено светло, но и во овие измени сметаат дека политиката вмешала прсти:

„Штедалите на ТАТ не се задоовлни од понудените измени на законот за сертификати. Зошто? Власта сака да не лаже, добивајќи време за следните локални, претседателски и парламентарни избори. Ние сакаме правично обесштетување според нашите побарувања и да бидат фатени криминалците во организираниот криминал од првите луѓе на институциите на власта наречен ТАТ во кој се вклучени партиите и од власта и од опозицијата,“

вели претставникот на штедалите на ТАТ Ѓорѓи Велјановски.

Оптимистичките прогнози на некои економисти предвидуваат дека вредноста на сертификатите може да ја надминат пазарната вредност на некогашната заштеда. Меѓутоа, проблем е тоа најголем дел од штедачите ги продадоа сертификатите. Сепак, штедачите сметаат дека е подобро нешто, отколку ништо, но тоа не е став и на ММФ:

„Продолжувањето на крајниот рок на сертификатите или било какво проширување на нивната употреба за нас е неприфатливо,“

вели Франек Розвадовски шеф на мисијата на ММФ.
XS
SM
MD
LG