Достапни линкови

Огромни незадоволства и штрајкови


По се изгледа, нај непопуларна работа во Европа се реформите во пензискиот систем. Владите на Италија, Франција, Германија и Австрија се соочија со огромни незадоволства и штрајкови поради нивните планови за реформи во пензиските системи. Меѓутоа експертите велат дека европските влади мора да направат реформи поради ниската стапка на наталитетот, зголемувањето на животниот век на населението односно губењето на контролата поради буџетските дефицити.

Илјадници Италијанци протестираа поради намерите на владата на Берлускони да ја зголеми старосната граница за добивање пензија. Германскиот канцелар Герхард Шредер ги загуби локалните избори во покраната Брандерберг . Претходно годинава поради реформите во пензискиот систем имаше генерални штрајкови во Австрија и Франција. Проблемот е лоциран во наталитетот, продолжениот животен век на европејците и буџетскиот дефицит со кои поради слабите економии се соочуваат европските држави. Италијаните на пример можеа да одат во пензија со сите права на 57 години ако покажат дека плаќале придонеси најмалку 37 години. Многу од нив се пензионираа и порано користејќи делумна пензија. Германскиот пензиски систем, исто така, беше познат како еден од најдарежливите. Реформите во оваа земја се предизвикани од буџетскиот дефицит. Само пензискиот систем се соочува со загуба од над 10 милијарди долари. Всушност повеќето европски држави го имаат системот на плаќање преку даноци кој ги покрива трошоците на пензискиот план и не постоји централен фонд за идните облигации. Овој систем велат експертите добро функционирал во изминативе 100 години кога беше воспоставен и кога наталитетот беше многу повисок. Екхард Таушфилд истражувач и ко автор на извештајот за перспективите на германскиот пензиски систем вели дека доколку не се направат реформи системот не ќе може да опстоји на подолг период.

„Ќе мора да има масивно зголемување на даноците за да се покријат пензиските обврски, односно придонесите за пензија ке треба да се зголемат од 19, 5 на 27 или 28 насто па дури и 30 насто.“

Таушфилд вели дека некои земји како Британија и Скандинавските држави имаат успех со приватните фондови. За многумина тоа е единствениот излез со цел државните фондови да останат солвентни. Приватните шеми во Германија немаа многу патишта поради бирократските пречки но тие најверојатно ке бидат редуцирани од владата. Сепак, велат експертите, на политичарите не им е лесно поради тоа што идната година ке има многу избори. Валтер Хирлингер од германската асоцијација на постари граѓани вели дека околу 20 милиони пензионери ке бидат многу внимателни при изборот за кого ке гласаат.
XS
SM
MD
LG