Достапни линкови

Економските проблеми оставени на страна


Првата година на оваа влада беше посветена на безбедноста и стабилизацијата на земјата така гласи насловот на годишниот извештај за работа во првите година од владеењето на колиционите партнери СДСМ ЛДП и ДУИ. Признавајќи дека економските проблеми и економската стбилицазција на земјат беше оставна на страна.

Експертите сметат дека за прв пат од 1996 година Македонија бележи пораст на стапката на невработеност:

„За прв пат по 96 година расте стапката на невработеност од 31,4 сега е 36,7 што е навистина многу високо.“

„Владата дефинитивно нема решение за намалување на екстремната невработеност. Бранковиот закон беше еден амбициозен проект на владата кој предвидуваше дека за две години ќе се вработат 20 илјади лица и ќе се потрошат 33 милиони евра. Моето мислење е дека овие 33 милиони евра да се вложеле во реалните капацитети во нашата економија, со стапка на враќање на инвестициите од 4,1, за две години 33 милиони евра ќе се вратеја, така што ќе имавме реален капацитет, каде најверојатно ќе имаше поголемо вработување,“

изјавија пофесорот Трајко Славевски од економскиот факултет и Изет Зеќири доктор по економски науки.

За да се намали бројот на невработни потребни се инвестиции без разлика дали се тоа домашни или странски сметаат експертите:

„Во генот на владеачката партија од македонска страна е страв да не се изгуби контролата врз некои сегменти од економскиот систем, а нормално штом влегува странски капитал, вие треба да сте подготвени да препуштите дел од таа контрола за да го привлечете тој странски капитал,“

изјави Славевски.

„Многу од земјите во транзиција даваат специјални повластици на странските инвеститори, меѓу кои и монополси права за одреден период, македонската влада треба да го пшрави истото и да испрати јасен сигнал дека сака инвеститорите да дојдат во земјата,“

вели Зеќири.

Една изгубена година на стартот кога треба сите капацитети да се вложат е голем хендикеп за една влада, но сепак изгледи за подобрување на економски план постојат вели професорот Славевски.
XS
SM
MD
LG