Најавената смена на министерот за финансии Петар Гошев од позицијата прв човек на ресорното министерство нема да влијае на преговористе со меѓународниот монетарен фонд. Ова денеска го изјави директорот на ММФ за Македонија Франек Розвадовски.
„Не, односите на меѓународниот монетарен фонд не се базирани со министерот за финансии туку со земјата. Очигледно е дека ќе има промени, тоа ќе ги забави малку работите, но во суштина нема да се направи некаква разлика,“
е ставот на Розвадовски. Тоа што ќе биде главен фокус на интерес на првиот човек на мисијата на ММФ во наредната недела е рамката на буџетот за 2004 година.
„Основната рамка за буџетот за 2004 година се наоѓа во програмата која е веќе договорена, но дискусиите ќе покажат дали условите се сменети или првобитно договореното ќе остане.“
вели Розвадовски. И покрај фактот што неодамна бордот на директори на ММФ во Вашингтон даде позитивна оценка за спроведувањето на обврските превземени со „стенд-бај“ аранжманот, оттаму е испратена и сугестија што ја пренесува Розвадовски:
„Во исто време членовите на бордот на ММФ истакнаа дека во Македонија бизнис климата не е таква каква што треба да биде и тоа по прашањето на транспарентност и управување во институциите вклучувајќи го и здравствениот систем. Нивната сугестија е дека на овие прашање треба да се посвети поголемо внимание.“
Новиот предлог закон што е инициран од тројца пратеници меѓу кој и најавениот нов министер за финансии Никола Поповски, а кој нуди продолжување на времетраењето на конвертибилните сертификати за штедачите на ТАТ и можност тие да се употреба во купување на државно земјиште и станови, од самиот старт како можно решение се отфрла од страна на монетарците од Вашингтон.
„Мислиме дека конвертибилните сертификатите за ТАТ се лошо решение бидејќи дека тие создаваат клима граѓаните да инвестираат, а потоа последиците од лошата инвестиција да ги сноси државата, што не е добро. Ние нема да подржиме било какво продолжување на важењето на овие сертификати или проширување на начинот на начинот на кој што тие би можеле да се користат.“
По завршувањето на оваа мисија, ММФ ќе одлучи дали ќе биде одобрена втората транша од „стенд-бај“ аранжманот чија вкупна големина изнесува 27.8 милиони американски долари.