Достапни линкови

За владата задоволителни резултати, економистите со спротивно мислење


Дека владините претставници резултатите од досегашната едногодишна работа ги оценуваат главно како задоволителни економските експерти со критика, ова е неславна година за македонската економија, економските параметри се послаби во однос на 2002:

„Владата не само што не ги оствари своите ветувања, туку постигна полоши резултати и од претходната влада,“

е ставот на професор Душан Вељковиќ. Статистиката вели: индустриското производство има тенденција на постојано опаѓање,

„Уште во јануари беше забележан еден енормен пад на индустриското производство во однос на декември минатата година од близу 30 насто, потоа со исклучок на март и септември имаме постојано негативна стапка во движењето на физичкиот обем на индустриското производство.“

Македонија перманентно се задолжува, дефицитот во трговската размена се зголемува, така што до крајот на годинава не е исклучено истиот да надмине 900 милиони американски долари, предупредува професор Вељковиќ:

„На половина година изнесуваше над 460 милиони долари. Меѓутоа, за девет месеци дефицитот изнесува над 650 милиони долари.“

Инвестиционата активност е замрена, а влезот на странските инвестиции или го нема или е сведен на минимум, а бројот на невработените го достигна нивото од 375 илјади работно способни лица кои не се работно ангажирани:

„Не само што не дојде до реализирање на тие бомбастични ветувања за вработување на неколку десетици илјади нови вработувања, туку и бројот на вработените се смалува.“

Ситуацијата дополнително се комплицира ако се има предвид фактот дека владата и народната банка упорно водат политика на фиксен девизен курс, што по сите економски параметри се одржува вештачки и секако лошо влијае на економскиот развој:

„Монетарните власти треба да се определат за движечки, но контролиран курс, да не го одржуваат на секој начин овој сегашен, нереален курс.“

И покрај ваквите критички тонови, владата смета дека растот на БДП за 2,7 насто и склучувањето аранжман со ММФ, како и зголемувањето на девизните резерви се резултати што не треба да се занемарат.
XS
SM
MD
LG