Шефот на УНМИК Хари Холкери, како што изјави, е решен на спроведување на политиката ,,стандарди пред статус,, која подразбира реформа на косовските инстутиции.
„Идниот статус во многу зависи од тоа како ќе успееме во тестирањето на перфомансите на системот. Најпрво ни требаат резултати во тоа подрачје. Што поскоро ќе видиме напредок, толку побргу ние ќе можеме да бараме од Советот за безбедност да ја отвори дискусијата за статусот.“
Изјави Холкери кој наведува дека за реформирање на косовските инстутиции е потребен нов план со јасни рокови и за критериуми. Според него, еден од условите е етаблирање на дијалогот на високо ниво меѓу Белград и Приштина. Холкери оцени дека неодамнешната средба на претставници на двете страни во Виена помогна да се постави основата за дијалог на пониско ниво и тоа за практични прашања.
„Најголемата работа беше тоа што се случи таа средба. Се надевам дека работните групи за четирите конкретни подрачја ќе ја започнат работата во идниот месец.“
Меѓу четирите подрачја се и оние за враќањето на околу двесте илјади косовски срби во своите домови и за судбината на скоро три илјади и седумстотини исчезнати косовски албанци. Холкери смета дека постојат тешкотии во остварувањето на демоктратизацијата на косовското општетство.
„Патот на Косово не е розов и, за мене, мислам дека тоа ќе течка битка. Но Косво не е невозможна мисија како што се чини понекогаш.“
Вели шефот на УНМИК Хари Холкери кој најави дека на денешната седница на Советот за безбедност ќе побара од меѓународната заедница да остане ангажирана во косовските политички работи. На седницата на Советот треба да биде разгледан и редовниот извештај на генералниот секретар Кофи Анан. Во овој рапорт, како што се дознава, Анан наведува дека развојот на ефикасни институции на Косово треба да биде поврзан со унпаредувањето на контактите и соработката со Белград. Анан исто така оценува дека безбедносната ситуација на Косово и натаму е причина за сериозна загриженост и оти е неприфатливо насилството врз припадниците на малцинствата.