Достапни линкови

Како да се зголеми безбедноста?


Кога полицијата е присутна во училиштата може да се заклучи колку е безбедно да се оди на наства, вели еден средношколец од Скопје прашан за атмосферата што преовладува меѓу учениците по инцидентите во Арсениј Јовков. Голем дел негови врсници го делат таквиот впечаток.

„Има страв кај учениците после часови пред часови да не се собираат групи.“
„Не се чувствуваме безбедни, пример се улилиштата каде што учат повеќе националности.“


Еде родител на еден средношколец, во тој контекст забележува:

„Не ми се допаѓа кога гледам полицајци пред училишна зграда, како што гледате не можат многу да помогнат.“

Таквиот декор што во последно време станува се поприсутен во државава како што сугерира овој соговорник веќе претставува сигнал за криза во општеството во целина.

„Секаде има криза па и во образованието.“

Проблемите во образовнието во кое инцидентите меѓу учениците стануваат доминантни се предмет на сугестија особено мегу просветните работници. Во тој правец тие зборуваат за мерки што треба да се преземат:

„Нон стоп се под штрек, нон стоп трчаме по ходниците да не има некој влезено. Можебо треба да постои некоја специјална училишна полиција.“

Полицијата потврдуваат дека засега тие се мобилни пред повиците за интрвенција од училиштата.Но во мегувреме претпазивоста од инциденти на која се упатени професорите во училиштата освен учениците продолжуваат ја делат многумина граѓани:

„Имам средношколец дете и многу сум загрижена.“

Вели родител на дете што учи во училиште со мешани паралелки кој со овој проблем на државата се обидува да се справи преку соптсвени примери на едукција во семејствата:

„Треба да работиме на едуцирање на децата и школите и родителите.“
XS
SM
MD
LG