Достапни линкови

Владата ветува, догодина нема да има нови даноци


Денешното пристигнување на техничката мисија на Меѓународниот менетарен фонд во Македонија е со цел во наредните две недели монетарците од Вашингтон да утврдат дали и во колкав степен македонската влада се придржува кон обрвските превземени со стенд-бај аранжманот, да оформат рамка на буџетот за 2004 и да ја подготват макроекономската политика за наредната година. За 2003 владата неуспеа во целост да ја оствари зацртаната стапка на раст од три насто и истата се проценува дека до крајот на годината би изнесувала 2.7%.

„Според договорот којшто го имаме со ММФ догодина можам да ви кажам дека предвидуваме да имаме буџет, којштоќе значи буџетски дефицит од 0.9 насто, што ќе значи раст на БДП 4 насто, стабилен курс на денарот врзан за еврото 61.5 и стабилна стапка на инфлација, односно стабилни цени,“

вели Димко Кокаровски заменик министер за финансии. Спроведувањето на реформите во јавниот сектор повторно ќе бидат оценувани од монетарците посебно во делот на здраството каде ммф инсистира на позабрзана приватизација на фармацијата и стоматологијата. Последните најави зборуваат дека нивниот најнов предлог е до 31 март од фондот за здраство да си заминат уште нови 340 вработени.

Она што е сигурно е дека во наредната година граѓаните нема да бидат оптоварени со нови државни давачки или покачување на веќе постојните стапки на даноците

„Ќе продолжиме и следната година со држењето на позициите коишто ги имаме во фискалниот сектор, па ќе имаме фискална политика во договорени лимити.“

Еден од критериумите кој се земаат во предвид при оценката дали владата ги исполнува превземените обврски од стенд бај аранжманот чие време траење истекува во јуни 2004 година е и упешноста со спраувањето на 6 те проблематични банки . Доколку превмземените мерки уќте во јуни оваа година од страна на народната банка не вродат со плод централната банак ќе биде приморана да ја одземе лиценцата за работа на оние банки кој нема да успеат да се снајдат во овој меѓу период.

Условот 24 те фирми загубари да се продадат или ликвидират до крајот на годинава останува, а ММФ ќе одлучи дали по оваа контрола ќе биде одобрена втората транша од „стенд-бај“ аранжманот чија вкупна големина изнесува 27.8 милиони американски долари.
XS
SM
MD
LG