Достапни линкови

Алексис Брунс, амбасадор на ЕУ во Македонија. Македонија е или на стартот или на добриот пат


Амбасадоре Брунс во Македонија се актуелни најавите и проценките за поднесување кандидатура за членство во Европската Унија до крајот на годинава. Освен совет од Данска изречен јавно дека е рано за тоа некако европските представници одбиваат јавно да коментираат дали ваквиот чекор е добар или не. Каков е вашиот совет?

Прво би сакал да се повикам на тнр. Солунска декларација што беше мошне важна политичка изјава на лидерите на Унијата и западниот балкан. Во неа е мошне јасно потврдена европската перспектива за 5-те земји од западниот балкан. Во неа се вели иднината на западниот балкан е во рамките на Унијата. Така што солунската декларација е мошне јасна, нема никакво двоумење во политичката обвцрзаноист на земјите членки дека сите држави од западниот Балкан се потенцијални членки. Се разбира ова имплицира , а тоа се наведува и во декларацијата дека постои потреба од задоволување одредени стандарди и добра подготовка за интеграција.

Декларацијата од солун се однесува на сите земји членки Јас ве прашувам каков е ставот на Унијата за македонската кандидатура, има ли подршка таквата најава?

Мислам дека го имате она што ви е потребно во солунската изјава. Појасен сигнал од она што е таму кажано не можете да добиете. Времето за испраќање на писмото за кандидатура е прашање за секоја земја на кое таа треба да одговори врз основа на сопствените параметри. Тоа ќе биде политичка одлука на државата Македонија. Никогаш не било поинаку со ниту една земја. Државата е таа која мора да реши дали ќе поднесе такво барање. Отсекогаш било така. Ние имаме стандардна процедура која се запазува откако писмото ќе стигне. Тогаш ние дискутираме. А дали земјата ќе поднесе такво барање за тоа ние не решаваме. Решението на земјата која добила вакво политичко порака да испрати писмо за кандидатура не е нешто што се донесува во брисел. Тоа е прашање на секоја суверена земја која носи решение врз основа на политичка проценка. Се разбира кога ќе решите да го испратите треба во него да ги објасните причините зошто тоа го правите. Како Што знаете клучниот услов за македонија е рамковнмиот договор. Така Што мислам дека главниот дел од ова писмо доколку решите да го испратите треба да биде треба да се однесува на прогресот направен во спроведувањето на рамковниот договор. Исто така мислам дека ова праШање не треба да биде политизирано, сите партии сите заедници сите граѓани треба да ја делат визијата за европска перспектива


Рековте дека во апликацијата треба да се наведе напредокот во спроведувањето на рамковниот договор. Еден од клучните зафати во таа смисла се пакетот закони за девцентрализација. Беше најавено дека се ќе биде готово до неомври, сега некако работите се оддолговлекуваат Сметате дека без усвоените закони за децентрализација всушност Македонија нема аргументи со кои би го поткрепила барањето за членство.

Децентрализацијата е комплексно прашање но политички е моќне важно. Таа е едне од носечките столбови на рамковниот договор. Станува збор за три важна закона кои треба да бидат усвоени: за фискалана децентрализација, територијална поделба и за законот за град Скопје. Во прашањето го споменавте одолговлекувањето. И тоа е точно затоа го нагласувам значењето и потребата од усвојувањето на трите закони за децентрализација до крајот на годинава. Многу е важно да бидат усвоени до тогаш бидејќи без нив е тешко да започнат конкретните подготовки за самиот процес. Јас знам дека коалицијата работи многу на трите закона: и се надевам дека до крајот на годинава тие ќе бидат усвоени.


Во сите извештаи на европската Унија ,во сите комуникации на Брисел со Скопје се инсистира на реформи. Една година од доаЃањето на новата влада праШањето е има ли напредок во таа смисла
Тоа е огромно прашање, јас не сум експерт но постои јасна воља на владата да го започне реформскиот процес. На политички план дефинитивно работите се движат во добра насока со спроведувањето на реформите врзанои директно со рамковниот договор. Што се однесува на судството, бробата против корупцијата постои исто така позитивен старт и заземање добра насока. На економски план тука е договорот со ММФ што исто така укажува на добар почеток. Така што јас би рекол дефинитивно постои добар тренд, има добар почеток но тоа не е доволно постои потреба од засилување и забрзување на реформите во сите сектори

Европската мисија Конкордија завршува и наместо неа доаѓа полициска мисија Проксима . дали решението на Брисел да испрати мисија која ќе го зајакне капацитетот на полицијата всушност имплицира дека од европски аспект клучниот проблем на Македонија во моментов е борбата за спроведување на законите, , сузбивањето на криминалот што пак во основа и натаму во фокусот го држи праШањето на безбедноста

Мислам дека тоа навистина е многу важно. Мислам дека безбедноста е срцето на економските и политички реформи. Нив не можете да ги имате не можете да ја стабилизирате полтитичка атмосфера , не можете да привлечете странски инвестиции додека не го решите безбедносното прашање. Тоа е причината зошто денес Македонија е зад земјите како што се Бугарија и Романија. Едноставно, поради проблемите со безбедноста во минатото. Затоа мислам дека таа и натаму треба да биде приоритет. Во македонија имаше успешни воени мисији но мислам дека од идната година треба да се фокусираме на справување со криминалот. Затоа што, како што знаете, доста често некои вооружени криминални групи во истовреме се блиски со да речеме радикални полититчки групи. Справувањето со овие вооружени криминални групи дефинитивно ќе придонесе кон натамошна стабилизација на земјата што пак ќе даде добар поттик за забрзување на полтитчките реформи и ќе го олесни економскиот развој.

Македонија е пред почетокот на акцијата за разоружување. Таа има подршка и на меѓународните мисии. Очекувате ли успех и дали всушност станува збор за почеток на еден долготраен процес.
Мислма дека е важно да се има акција за собирање на оружјето бидејќи е важно на луѓето да им се испрати пораката- сега е време да го заборавите оружјето. Иднината на земјата нема да биде решавана со оружје. По рамковниот договор отворен е патот кон Европската Унија и НАТО а за да го изодите не ви е потребно оружје. Од овој аспек акцијата ќе биде успешна бидејќи ќе ја испрати пораката. Мислам дека вие сте во право, станува збор за процес, почеток на процесот во кој луѓето ќе станат свесни кога ќе им биде објаснето зошто треба да го предадат оружјето. Тоа ќе треба да продолжи и во наредните години како што впрочем е случај со соседните земји. Во секој случај стабилизацијата на земјата е најдоброто решение. Би сакал да апелирам до сите да допринесат кон ова. Луѓето не би требало сами на себе да си противречат: ако сте млад Македонец, Албанец, Турчин и сакате да сте дел од Европската Унија тоа не можете да го сторите со оружје во рацете. Тоа е клучната порака.
XS
SM
MD
LG