Достапни линкови

Психички проблеми на обвинетите


Примерите кога сусдскиот процес се одложува поради психички проблеми на обвинетиот во последно време се се позачестена појава кај нас зaбележуваат експертите. Професорот по кривично право Никола Тупанчевски потсетува дека станува збор за право на обвинетиот што го познаваат сите западни демокртии, но дека постојат механзими да биде проверено кога постојат сомневања дека тоа право се злопоутребува со симулирања на болеста.

„Со тоа право може да се манипулира. Едноставно, во последно време забележителен е бројот на случаи во Република Македонија коишто заради тие причини се одложуваат. Меѓутоа, ќе мора судот во конректната ситуација да реши дали има или нема злоупотреба на тоа право“

Зачестеноста на користењето на ова право во судските постапки психијатарот Др. Витомир Мицев ја објаснува со тоа што укажува дека психичките проблеми во принципи претствуваат заболување кое е најкомплексно за да биде потврдено:

„Тоа е најтешко за изјаснување на еден лекар. Зашто, ако има скршена коска се гледа на рентген, ако има анемија се гледа од крвната слика. Но, има и луѓе кои се обидуваат користејќи ја психичката состојба која е извонредно тешко да се потврди, се обидуваат да ја злоупотребат психијатријата“

Комплексноста на потврдувањето на психичкото заболување сепак не значи оти е лесно да се симулира заболувањето, вели Др Мицев, кој забележува дека во таа смисла од клучно значење е етиката на лекарот.

„Не е толку едноставно еден совесен психијатар да биде изманипулиран со зборувањето на еден обвинет“

Примери кога вештите лица фалсификуваат потврди дека стнува збор за психичка болест не се исклучени, но екпертите велат дека тие не можат да посочат конкретни примери за таква пракаса во нашата земја. Професорот по кривично право Тупнчевски во таа насока едниствено упатува на механизми со кои е можно злоупотребите да бидат оневозможени:

„Понекогаш се јавуваат некои состојби кои не одговараат на реалноста. Меѓутоа, за тоа постојат други кривични дела, како што се фалсификатот и други, коишто стојат како Дамоклов меч и врз вештото лице и го тераат коректно да си ја изврши својата работа“
XS
SM
MD
LG