Достапни линкови

Потпишан јавниот повик за предавање на оружјето


Лидерот на најголемата опозициона партија ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски го потпишаа јавниот повик до граѓаните за масовно вклучување на акцијата за собирање на нелегалното оружје. Црвенковски и Ахметии испратија свои преставнии пратениците Никола Ќурчиев и Невзад Бејта додека двете опозициони партии на албанците ДПА и ПДП не се појавија на чинот а потпишување на јавниот повик:

„Ним ќе им се обратиме поединечно. Веројатно си имаат некои свои причини и пречки. Можеби лидерите се зафатени и не сакале да праќаат замена. Оваа иницијатива не може да нанесе штета. Но, ако овозможи 50 или 100 парчиња оружје да се соберат повеќе, тоа е полн ефект. А успехот на оваа акција е многу важен, затоа што мирот и безбедноста и отстранувањето на причините за неговото нарушување, пред се собирањето на нелегалното оружје се централна точка, централно прашање коешто треба да го решиме во земјата“

изјави Стојан Анов кој е иницијатор на јавниот повик.

Инаку акцијата за разоружување треба да започне на први ноември а ќе тра 45 дена а во наблудувањето на акцијата ќе учествуваат и припадниците на евро мисијата Конкопрдија како и ОБСЕ,

„Ние продолживме со нашите подготовки и со процесот на планирање, што ќе им овозможи на нашите тимови да ја остварат својата мисија. Преку синџирот на командата, тие ќе продолжат да ги набљудуваат сите активности поврзани со ова специфична акција, посебно во поранешните кризни региони. Тоа е и наша главна задача“

изјави портпаролот на Конкордија Антонио Тешеира

Во наблудувањето ќе се вклучат и мопниторинзите на Обсе но во рамките на нивните капацитети.

„Ние немаме капацитет да бидеме присутни секаде, но сигурно ќе ја набљудуваме акцијата за разоружување“

изјави портпаролот Изабел де Рут.
XS
SM
MD
LG