Достапни линкови

Дваесет проценти од Европејците живеат со неподносливи болки


Дваесет проценти од европејците живеат со неподносливи болки, а 15 милиони се самоубиле поради агонијата, се вели во првата сериозна студија за хронични болки во Европа. Проценка е дека хроничните болести ги чинат 40 милијарди долари годишно економиите на државите опфатени во истражувањето.

Повеќе од десет години дневниот коктел пилули е единствената бариера меѓу 29 годишната Алиса Петерсон и неподносливата болка. Алиса , беше млада надеж на британскиот тенис кога доби реуматичен артристис пред 11 години.

„Не можам всушност ни да бидам допрена ако некој сака да ми угоди. Тоа е ужасна болка. Беспомошна сум, како дете. Одењето ми е болка, а агонијата продолжува.“

Околу 75 милиони европејци, или секој 5 ти човек од 16 – те држави каде што се истражуваше спаѓаат во разни кетегории на хронични заболувања. Станува збор за граѓани на Европската Унија плус Полска, Израел и Швајцарија. Извештајот на Европската федерација за студии на хроничните заболувања е познат како план за предупредување. Норвешкиот лекар Харалд Брејвик кој е претседател на ЕФИК вели дека во истражувањето учествувале 46 илјади луѓе кои страдаат од хронични заболувања.

„Навистина, станува збор за главен здравствен проблем. Консенквеницте се огромни, а тие болести не се земаат доволно сериозно. 40 проценти од испитаниците кои боледуваат не се задоволни од третманот со кој се лечат.“

Во студијата се вели дека ефектите врз социјалниот и економскиот живот на континетот се големи. Околу 500 милиони работни денови годишно се губат поради хроничните болести што ја чини економијата околу 40 милијарди долари. На ова се додава и социјалниопт аспект. Сексуалниот живот е загрозен кај 34 насто од испитаниците, а 76 насто од нив го загубиле сонот. Според доктор Харалд Бревик студијата преставува прв чекор во вистински правец.



Во меѓувреме, британската асоцијација соопшти дека извештајот веќе ја покажува потребата од едукација на лекарите и професионалците за подобро справување со проблемите.
XS
SM
MD
LG