Достапни линкови

Владиниот проект за децентрализација доцни од политички и практични причини


Владината стратегија за децентрализација на власта има за цел да го објасно тековниот процес на децентрализацијата и да ја доближи владината програма до граѓаните, вели министерот за локална самоуправа Александар Гештаковски:

„Одобено овој процес да го направиме разбирлив и приближен до граѓаните. Пред се тоа се однесува на информирање и дијалог за реформата, особено за делот на територјалната организација, делот на финансирањето на единиците на локалната самоуправа и делот на финансирањето на градот Скопје.“

Министерот Гештаковски признава дека владата доцни со донесувањето на пакетот закони за децентрализација на власта:

„Законот за територјална децентрализација требаше да влезе во прва фаза, предлог за донесување во собраниска процедура некаде до крајот на јуни. Тој процес е одложен од одреден договор политички или одредени сознанија од експертите, целокупниот пакет на овие три многу важни закони да ги разгледуваме заедно. Согледувајќи ги сите елементи. Во моментов законот за територјална организација и законот за градот Скопје е во владина процедура и се очекува да се разгледува од владата. Ама, тоа е условено од законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа кои се во завршна фаза.“

Законите за новата териројална поделба, за градот Скопје и финансирање на општините министерот Гештаковски очекува да бидат донесени после Нова Година:

„Јас би сакал и верувам и владата врз основа на својата програма за децентрализација, роковите, за крајно нормативно донесување на овие закони што е предвиден до крајот на декември или до крајот на јанури ќе ги исполни.“

Но, не може да се очекува вели тој дека по донесувањето на овој пакет закони автоматски надлежностите од централната да се префрлат на локалната власт

„Пренесувањето на надлежностите, ќе почне во основа, или така наречената нулта фаза од 1.1.2005 година и како општините ќе ги исполнуваат условите, така ќе се пренесуваат етапно и според својата тежина и значење надлежностите. Бидејќи, пренесување на сите надлежности во неприпремен дел на административна моќ на општините, во дел на просторна, во дел на инстируционална, може да донесе до пореметување на целата макроекономска стабилност, бидејќи покрај надлежностите голем финансиски дел од нивниот буџет ќе се пренесе на општините за нивно менаџирање.“
XS
SM
MD
LG