Достапни линкови

Осуда и од меѓунадордната заедница


Упадот на студентите од малоречанскиот универзитет во зградата на „Тетово Табак“, освен политичките партии во Македонија едногласно го осудија и претставниците на меѓународната заедница во Македонија со констатација, ваквиот развој на настаните може да го успори процесот на легализација на оваa пара институција.

Официјалниот став на Владата по ова прашање го пренесува портпаролот Сашо Чолаковски:

„Може да го успори процесот, да, меѓутоа просториите на „Тетово Табак“ не се вградени во просторот којшто треба да биде вклучен во работата на тетовскиот универзитет во легализација.“

„Ги поздравуваме напорите да се легализираат некои клучни делови од тетовскиот универзитет, а студентите да се здобијат со дипломи кои што ќе бидат согласно европските академски норми“, е ставот на меѓународните мисии во Македонија осудувајќи го упадот на дел од студентит во зградата на Тетово Табак

„Постои група на луѓе предводени од Исмаил Самиу и Фадил Сулејмани кои го спречуваат процесот на легализација на Тетовкиот Универзитет. И тоа го прават поради свој личен интерес,“

рече Ирена Ѓузелова додавајќи:

„Во интерес на тудентите е да студираат во институција која е леглно призната, да поседуваат легални дипломи И да добијаат квалификација за потоа најдат работта.“

И ОБСЕ со сличен став:

„Завземањето на „Тетово табак“, го спречува процесот на легализација И акредитација на тетовскиот универзитет",

рече Изабел де Рут, портпарол на ОБСЕ, која е изненадена и од последните постапки на актуелниот ректор на малоречанскиот универзитет Неџмедин Беадини кој го подрчува упадот на студентите во зградата на Тетово Табак:

„Исто така разочарани сме од последните постапки и изјави на господинот Беадини. Постојат две правци по кој студентите можат да одат. Едниот е тој што го подржуваат Студентската асоцијација, меѓународната заедница, и Владата тоа е патот кој води кона легализација , и подобрата иднина на студентите одека другиот е незаконскиот, пат кој го подржуваат Изаир Самиу И Фадил Сулејмани,“

изјави Де Рут.

Студентите на Тетовскиот Универзитет во кои делуваат две Унии, со поделени ставови околу упадот во Тетово Табак. За едни тоа е законски а за други пак треба да се почитуваат одлуките на Владата. Од Асоцијацијата на Студентите од Тетовскиот Универзитет велат:

„Ги поддржуваме напорите на Министерството за образование за легално решавање на овој проблем,“

изјави претседателот на оваа асоцијација Сервет Јусуфи.
XS
SM
MD
LG