Достапни линкови

Барање за преиспитување на Договорот за продажба на телекомот


Здружението за заштита од монополски услуги „Демос" побара Уставниот суд на Република Македонија да ја приеспита законитоста и уставноста на договорот за продажба на АД „Македонски телекомуникации", склучен на 26 декември 2000 година меѓу унгарскиот конзорциум "Матав" и Владата на Република Македонија.

„Ние не сме против приватизацијата, туку против превисоките цени што ги плаќаме за телефонските импулси,“ велат во Демос:

„Ние во последно време кога видовме дека народот никој не го штити, се договоривме да го формираме тоа здружение кое ќе има за цел да се бориме против монополската позиција не само на Телеком, туку и на сите други фирми кои имаат монополска позиција во Македонија,“

изјави потпретседателот на здружението ДЕМОС Фиданчо Никовски.

За речиси три години цената на импулсите е зголемена за 362 насто. Или, ако пред потпишување на договорот сме плаќале 0,5 денари, сега плаќаат 1,38, а со вклучен ДДВ тоа е 1,63 денари за три минути. „Ова значи дека некој на унгарскиот инвеститор му дозволил самоволие во одредувањето на цените", велат во здружението „Демос“.

Тие ги повиваа граѓаните, започнувајќи од 15, па до 30 октомври, секој ден по еден час, секој корисник на фиксен и на мобилен телефон да го отвори својот телефон, но без да разговара, со цел да се блокираат врските.

„Од 12:00 до 13:00 да бидат отворени сите фиксни телефони, додека во мобилната тлефонија да се држи уклучен телефонот, без да се јавува некој, да се блокира системот.“

Граѓаните пак ја подржуваат ваквата акција.

„Уби боже! Поскапо од струја плаќаме. Рекоа, од 15-ти ќе ги дигаме телефоните и сите сме за тоа.“

„Јас сум згрозен од ова што се случува, нема логика и на 15-ти октомври двата телефони ќе ми останат отворени.“

„Дефинитивно, со оглед на тоа дека живееме во време кога се плаќаат и доста други сметки“


Очекувањата, како што велат во ДЕМОС, е да им се придружат околу 300.000 граѓани.
XS
SM
MD
LG