Достапни линкови

Препораките на светската банка јасни, судбините на работниците неизвесни


Фирмата загубар треба да се ликвидира или продаде со што проблемот со овие компании ќе биде решен се вели во програмата на светската банка што нуди решение како Македонија да се ослободи од непрофитабилните производни капацитети. За оние лица кои ќе останат без работа оваа меѓународна финансиска организација предвиде исплата на опремнини во зависност од должината на работниот стаж најмногу во висина на осум просечни плати, и толку, потоа сите работници одат по заводот за вработување и се снаоѓаат кој како знае и умее.

„Многу тешко се живее. Нема редовни примања, се работи на црно, колку може да се заработи – некој меша малтер, некој се снаоѓа со земјоделие“

вели Драги Димовски поранешен вработен од скопски „Хемтекс“. Од 24-те фирми што до крајот на годинава требаа да се ликвидираат или продадат единствено седум продолжија да работат каде новите газди немаат никаква обврска кон старите вработени односно дали и колку од нив ќе бидат работно ангажирани.

„Робуваме на меѓународната политика. Мислам дека ќе беше попаметно ако владата најдеше решение да оди со пониски цени, со вработени, со инвестиции, затоа што во еден период тоа ќе се вратеше“

е ставот на Ѕвонко Самарџиев од велешка „Порцеланка“. Намерата фирмата загубар да се продаде по секоја цена, без никакви предходно договорени услови и обврски што треба да ги превземе новиот сопственик доведува до апсурдни ситуации

„Силикати е продадена за 210.000 евра. Самата површина вреди повеќе, а само две машини вредат повеќе“

вели Здравко Зафировски од гостиварска „Силика“. И сега имаме ситуација да многу порано големи производствени компании се адаптираат во идеални магацински простори за фирми што тргуваат со кондиторски производи, а машините што се затекнале во овие хали се носат до најблиската депонија за старо железо.

„Ниедна фабрика не се рестартира и тие претежно се продаваат за магацински простори“

Од 9500 вработени колку што беа вработени во фирмите загубари досега само 700 се работно ангажирани во овие компании. Еден дел од овие фирми се наоѓаат во Гостивар и Штип.

„Во Гостивар нема што да се работи. Се снаоѓа кој како умее изнае, особено ако двајца биле вработени во иста фирма. Да не им е човек во нивна кожа“

„Одредени структури не убедуваат дека луѓето се снајдени, меѓутоа, од Заводот за вработување треба да се извлече податокот којшто вели дека во општина Штип се невработени 11.500 луѓе, меѓу кои поголемиот број од поранешниот текстилен комбинат „Македонка“


велат синдикалниот лидер на гостиварска „Силика“ Здравко Зафировски и штипска „Македонка“ Доне Димовски.
XS
SM
MD
LG