Со доаѓањето на новата власт, процесот на денационализација, кој со повеќе други проекти го реализираше тогашната владеачка ВМРО ДПМНЕ, е замрзнат. По промената на власта, започна целосна реорганизација на комисиите задолжени за денационализацијата, а од јуни годинава, и постапката за разгледување на барањата за враќање на присилно одземените имоти, е ставена во мирување. Министерот за финансии Петар Гошев, тврди дека денационализацијата, согласно Законот ќе биде спроведена и покрај застојот кој беше условен од реорганизацијата, по доагањето на новата власт.
„На почетокот се разбира имаше извесен застој. Требаше да се обноват комисиите. Да се изврши промена на некои луѓе, да дојдат други луѓе. Се разбира, повторно од министерството и од Управата за јавни приходи. Според процедурите, тие се менуваат на извесен период. И нема посебен застој, нема откажување од реализацијата на законот. Се разбира, не е лесно да се решеваат имотно правни односи, има повеќе случаи коишто говорат дека се работи за повеќе претенденти на ист имот итн, меѓутоа процесот се одвива и ќе се одвива.“
Граганите пак незадоволни реагираат дека процесот е целосно блокиран и дека во Комисијата барањата, седат со месеци без одговор дали имотот ќе им биде вратен.
„Нашата жалба дојде до првостепената комисија за деационализација, којашто требаше да ја предаде на второстепената. Меѓутоа, таа не функционира.“
Во времето на владеењето на поранешната влада до промената на власта, на поранешните сопственици им беа вратени повеќе од 3700 национализирани објекти и земјишта.