Достапни линкови

Комисијата за труд и социјална политика сеуште не одржала седница


Една година од работата на собранието комисијата за труд и социјална политика чиј претседател е Илијаз Халими нема одржано ниту една седница поради непочитувањето, односно различното толкување на деловникот, дали претседавачот на комисиите има право седниците да ги води на албански јазик. Еден од начините за деблокирање на работата на Комисијата е Илјаз Хамили да биде сменет од оваа позиција, вели претседателот на Комисијата за избор и именувања Лупчо Јордановски:

„Па, едниот начин е господинот Халими да ја почитува одлуката на Комисијата за имунитенто-мандатни и деловнички прашања. А втор начин за деблокирање е да се изврши избор на нов претседател на таа комисија којшто ќе ја почитува одлуката на парламентот. Во секој момент од страна на Комисијата за избор и именување може да се изврши измена на претседавачот, но претходно треба да се постигне согласност, барем во рамките на коалицијата“

Додека Илијаз Халими останува на ставот дека нема обврска да почитува договор меѓу коалициони партнери, и седниците ќе ги води на албански јазик:

„Не значи дека јас, како член на една сосема друга партија, треба да ја почитувам волјата на лидерите на другите политички партии. Јас ќе ја почитувам секоја волја на пратеник, кога таа ќе се преточи во закон“

вели Халими. Од друга страна, претседавачот на Комисијата за деловнички прашања Борис Кондарко од каде и потекнува решението на овој спор кој се појави на почетокот на мандатот на овој состав на Собранието вели:

„Политичкиот договор од Охрид е едно, а Уставот и деловникот се нешто друго. А Уставот ни деловникот се спроведуваат од овластени органи и институции, во случајов внатре во Собранието за тоа се надлежни собраниските комисии и мојата комисија за деловнички прашања донесе одлука, пратениците го прифатија тоа и веќе е депласирано да се повикуваме на некои партиски договори“

Од тогаш ваквото решение го почитуваат и пратениците на ДУИ најголемата партија на Албанците во Македонија.
Инаку договорот меѓу коалиционите партнери СДСМ, ДУИ и ЛДП по однос на претседавањето со седниците само на македонски јазик беше постигнат откако владата го прифати барањето на ДУИ и на насловната страна на пасошот да се употребува албанскиот јазик доколку тоа биде побарано од граѓаните.
XS
SM
MD
LG